1 САМОИЛ 7
7
1Тогаш луѓето од Киријат Јарим дојдоа и го однесоа Господовиот Ковчег при себе. Го внесоа во Авинадавовата куќа, на ридот и го посветија неговиот син Елеазар да го чува Господовиот Ковчег. 2Од денот кога Ковчегот беше поставен во Киријат Јарим помина многу време - дваесет години - и сиот Израелев дом воздивнуваше по Господа.
5. Самоил извојува победа над Филистејци
а. Повик кон покајување
3Тогаш Самоил му проговори на сиот Израелев дом вака: „Ако од сѐ срце Му се враќате на Господа, отстранете ги од својата средина туѓите богови, ваалите и астартите, и пригответе ги своите срца за Господа и служете Му единствено Нему. Тогаш Тој ќе ве избави од рацете на Филистејците.“ 4Тогаш Израелевите синови ги отстранија ваалите и астартите, и Му служеа единствено на Господа.
б. Филистејски пораз
5Тогаш Самоил заповеда: „Соберете ги сите Израелеви синови во Миспа, за да Му се помолам на Господа за вас.“ 6И така тие се собраа во Миспа; таму нацрпуваа вода и ја излеваа пред Господа. И постеа во оној ден и признаваа: „Му согрешивме на Господа!“ И Самоил им судеше на Израелевите синови во Миспа. 7Кога Филистејците чуја дека Израелевите синови се собраа во Миспа, филистејските кнезови тргнаа да нападнат на Израел. Кога го видоа тоа Израелевите синови, се исплашија од Филистејците. 8И Израелевите синови го замолија Самоила: „Не прекратувај да викаш за нас кон Господа, кон нашиот Бог, за да нѐ избави од рацете на Филистејците.“ 9Самоил зеде едно јагне цицалче и Му го принесе на Господа како жртва паленица, и гласно Му се помоли на Господа за Израел, и Господ го послуша. 10Додека Самоил принесуваше жртва паленица, Филистејците дојдоа за да удрат на Израел, ама во тој ден Господ загрме со силен грмеж на Филистејците и така ги испалши и ги збуни, та му подлегнаа на Израел. 11Израелските војници излегоа од Миспа и ги спотераа Филистејците, поразувајќи ги сѐ до Вет Хар.
в. Евен Езер (Камен на Помош)
12А Самоил зеде еден камен и го постави меѓу Миспа и Сена и го нарече Евен Езер (Камен на Помош), говорејќи: „Господ ни помогна дотука.“ 13Така Филистејците беа понижени, и никогаш веќе не се нафрлија на Израелевата земја, а Господовата рака ги притискаше Филистејците за време на сиот век на Самоила. 14И градовите што Филистејците ги беа зазеле од Израел му беа вратени нему, од Акарон до Гат, и Израел го ослободи нивното подрачје од филистејски раце. И имаше мир меѓу Израелците и Аморејците.
г. Самоилово служење како судија
15Самоил беше судија во Израел за време на сиот свој век. 16Секоја година ги обиколуваше Ветил, Галгал и Миспа, и во сите тие места му судеше на Израел. 17Потоа се враќаше во Рама, зашто таму имаше своја куќа и таму му судеше на Израел. Таму му подигна и жртвеник на Господа.
Селектирано:
1 САМОИЛ 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.