Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 САМОИЛ 8

8
САУЛОВО ЦАРУВАЊЕ
8:1-31:13
А. Поставување на Саул за цар
1. Израел бара цар
1Кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии во Израел. 2Неговиот првороденец се викаше Јоил, а вториот син Авија; тие беа судии во Вирсавеа. 3Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата.
4Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама. 5И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.“ 6Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!“ Затоа Самоил Му се помоли на Господа. 7А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сѐ што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив. 8Сѐ што Ми правеа Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет па до денешниот ден - Ме оставија Мене и им служеа на туѓи богови - тие ти прават така и тебе. 9И така, сега послушај го нивното барање, но опомени ги свечено и поучи ги за правата на царот, кој ќе владее над нив.“
10Самоил му ги повтори сите Господови зборови на народот, кој бараше цар од него. 11И рече: „Ова ќе биде правото на царот кој ќе царува над вас: ќе ги зема вашите синови за да му служат кај бојните коли и кај коњите, и тие ќе трчаат пред неговите бојни коли. 12Ќе ги поставува за илјадници за педесетници; тие ќе ја ораат неговата земја, ќе ја жнијат неговата жетва, ќе му изработуваат бојно оружје и опрема за неговите бојни коли. 13Царот ќе ги зема вашите ќерки за да му прават мирисливи масти, да бидат готвачки и пекарки. 14Ќе ги земе вашите најдобри ниви, вашите лозја и вашите градини со маслинки и ќе им ги подарува на своите дворјани. 15Ќе зема десеток од вашите посеви и од вашите лозја и ќе им го дава на своите дворјани и на своите службеници. 16Ќе ги зема вашите слуги и вашите слугинки и вашите најдобри волови и ослиња, и ќе ги употребува за своја работа. 17Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие самите ќе му станете робови. 18И кога еден ден ќе викате за помош заради царот, кого што го избравте сами, Господ нема да ве послуша во оној ден!“
19Народот не сакаше да го послуша Самоиловиот глас, туку рече: „Не! Сакаме цар да владее над нас! 20Така и ние ќе бидеме како сите народи: ќе ни суди наш цар, ќе ни биде водач и ќе ги води нашите војни.“ 21Кога Самоил чу што зборува народот, Му кажа сѐ на Господа. 22А Господ му рече на Самоила: „Послушај ја нивната желба и постави им цар!“ Тогаш Самоил им рече на Израелците: „Вратете се секој во својот град!“

Селектирано:

1 САМОИЛ 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност