1 Петар 5:10-14
1 Петар 5:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи. Тој владее над се, сега и за вечни времиња. Амин. Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност. Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим. Ве поздравува и Марко. Тој ми е како син. Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов. На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. ( Амин.)
1 Петар 5:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. Нему слава и власт во веки веков. Амин! По Силван, нашиот верен брат, како што мислам, ви го напишав ова кратко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа! Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!
1 Петар 5:10-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Бог на секоја благодат, Кој ве повикал во Христа Исуса за Својата вечна слава, по вашето кратко страдање, Сам ќе ве усоврши, зацврсти, зајакне и ќе ве направи непоколебливи. Нему слава и власт во векови на вековите. Амин! По Силвана, верниот брат, каков го сметам, ви го напишав ова накратко, за да ве опоменам и да ви посведочам дека ова е вистинска Божја благодат, во која стоите. Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, кои сте во Христа. Амин!