Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 5

5
1Сакам да ги охрабрам црковните старешини. И јас сум старешина, сведок на страдањето на Христос и знам дека кога повторно ќе дојде и мене ќе ме огрее Неговата слава.
2Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од се срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба.
3Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.
4А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.
5Вие што сте помлади, слушајте ги старешините. Всушност, сите треба понизно да си помагате еден на друг, зашто: „Бог на горделивите им се противставува, а спрема понизните е благонаклонет.“
6Бидете понизни пред Божјата моќна рака, за Бог да ве воздигне кога за тоа ќе дојде време.
7Се што ве вознемирува препуштете Му го Нему. Тој се грижи за вас.
8Бидете трезвени и постојано на штрек! Внимавајте! Вашиот непријател, Ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување.
9Спротивете му се, без да се колебате во верата. Вие знаете дека христијаните во целиот свет минуваат низ истите страдања!
10Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи.
11Тој владее над се, сега и за вечни времиња. Амин.
12Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност.
13Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим. Ве поздравува и Марко. Тој ми е како син.
14Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов. На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. ( Амин.)

Селектирано:

1 Петар 5: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се