Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи. Тој владее над се, сега и за вечни времиња. Амин. Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност. Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим. Ве поздравува и Марко. Тој ми е како син. Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов. На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. ( Амин.)
Прочитај 1 Петар 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Петар 5:10-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа