1 Петар 2:4-7
1 Петар 2:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пристапете кон Него, живиот камен, од луѓето отфрлен, но од Бога избран, драгоцен, вие кои како живи камења сте вградени во духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос. Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“ Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“
1 Петар 2:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Дојдете кај Исус Христос. Тој е Живиот Камен, Кој, навистина од луѓето беше отфрлен, но Бог го одбра и за Него е скапоцен. Сега и вие како живи камења сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради Исус Христос. За ова во Светото Писмо Бог вели: „Еве, ќе поставам во Ерусалим Камен-темелник, одбран и скапоцен; кој ќе поверува во Него, никогаш нема да се разочара.“ Да, за вас што верувате: „Тој Камен што ѕидарите го отфрлија, стана Камен-темелник,“ скапоцен Камен. А за оние што Го отфрлија, истиот тој Камен е
1 Петар 2:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен, та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа. Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.“ Така, за вас, кои верувате, Тој е скапоцен; а за оние кои не веруваат: „Каменот, кого го отфрлија ѕидарите, но Кој стана аголен камен,“