Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ПЕТРОВО 2

2
Жив Камен и свет народ
1И така, положете ги настрана: секоја злоба и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секаква клевета. 2Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение, 3ако сте вкусиле дека Господ е добар. 4Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен, 5та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа. 6Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.“ 7Така, за вас, кои верувате, Тој е скапоцен; а за оние кои не веруваат: „Каменот, кого го отфрлија ѕидарите, но Кој стана аголен камен,“ 8и „камен за сопнување, и стена на соблазнување,“ на која се сопнуваат оние, кои се непокорни на словото: за што се и определени. 9А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласите славните дела на Оној, Кој ве повика од темнина во Својата чудесна светлина; 10вие кои некогаш не бевте народ, сега сте Божји народ; вие кои некогаш не бевте помилувани, сега сте помилувани.
11Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата. 12Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата.
За послушност кон државните власти и господарите
13Заради Господа покорувајте ѝ се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, 14било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро! 15Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе, 16како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги!
17Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!
18Слуги, покорувајте им се на своите господари со целосен страв, но не само на добрите и кротките, туку и на суровите! 19Зашто тоа е благодат, кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога. 20Имено, каква е пофалбата ако трпите, кога ве казнуваат за вашите престапи? Но, ако страдате и трпите, кога правите добро, тоа е благодат од Бога. 21Зашто за тоа сте повикани, зашто и Христос страдаше за вас и ви остави пример, за да врвите по Неговите стапки. 22Тој не направи грев и не се најде измама во Неговата уста. 23Тој, Кој беше навредуван, не враќаше со навреда; кога страдаше - не се закануваше, туку се предаде Себеси на Оној, Кој суди праведно. 24Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте. 25Зашто скитавте како овци, но сега се вративте при Пастирот и Чуварот на вашите души.

Селектирано:

1 ПЕТРОВО 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност