Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 7:1-5

1 Коринтјаните 7:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

А сега да ви одговорам на прашањата што ми ги поставивте во вашето писмо. Прво: Да, добро е човек да не се жени. Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж. Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг. Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга. Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.