Што се однесува за она за што ми пишавте: добро е за човекот да не се допира до жена, но заради блудствата секој нека има своја жена и секоја жена свој маж. Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот! Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да ѝ се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.
Прочитај 1 КОРИНТЈАНИТЕ 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 КОРИНТЈАНИТЕ 7:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа