Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 6:13-20

1 Коринтјаните 6:13-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната. Телото не постои со него да правиме блуд. Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал. Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ. Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело? Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка? Никако! Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка станува едно со неа? Светото Писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело.“ На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него. Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело. Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост. Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со нужната почит спрема Бог.

1 Коринтјаните 6:13-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото. А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја. Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христос? Ќе ги земам ли де­ловите од Христос и да ги направам делови на блудница? Тоа никако! Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.

1 Коринтјаните 6:13-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото; а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нѐ воскресне и нас со Својата сила. Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде! Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.“ А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него. Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.