Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 6:13-20

1 Коринтјаните 6:13-20 MNT

Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната. Телото не постои со него да правиме блуд. Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал. Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ. Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело? Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка? Никако! Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка станува едно со неа? Светото Писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело.“ На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него. Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело. Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост. Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со нужната почит спрема Бог.