Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 6

6
За споровите пред суд
1Дали некој од вас, кога има спор про­тив друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии? 2#Дан 7,22; Мт 19,28; Откр 3,21; 20,4Не знаете ли дека светиите ќе го су­дат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за по­мали работи? 3#2 Птр 2,4Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното? 4А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни! 5#Лк 12,57За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои? 6#2 Кор 6,15Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници! 7#Мт 5,39-42; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата? 8Но вие сами навредувате и нанесува­те неправда и ограбувате, и тоа браќата свои. 9Или не знаете дека неправедните не­ма да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идоло­поклониците, ни ракоблудците, ни ма­желожниците, 10#15,50; Рим 1,29-31; 13,13; Гал 5,19-21; Ефес 5,5ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни раз­бојниците нема да го наследат царството Божјо. 11#Дела 22,16; Ефес 5,26; 2 Сол 2,13; 1 Јн 2,12А такви беа и некои од вас; но се из­мивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.
Прославете Го Бога во своето тело
12 # 7,35; 10,23 „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ по­лезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене. 13#1 Сол 4,3-5Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото. 14#15,15.20; Рим 8,11; 2 Кор 4,14; 13,4А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја. 15#12,12-27; Рим 12,4-5Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христос? Ќе ги земам ли де­ловите од Христос и да ги направам делови на блудница? Тоа никако! 16#1 Мојс 2,24; Мт 19,5Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ 17#Јн 17,21-23; Рим 8,9-11; 2 Кор 3,17-18А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. 18#10,8.14; 1 Тим 6,11Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. 19#3,16; Јн 2,21Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе? 20#7,23; Фил 1,20; 1 Птр 1,18-19Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност