Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15:35-53

1 Коринтјаните 15:35-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Безумниче, тоа што го сееш ти, не­ма да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; но Бог му дава тело, какво што са­ка, и тоа на секое семе негово сопствено тело. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на жи­вотно, друго на риба, друго на птица. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните; друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува. Така е и со воскресението на мрт­ви­те: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно. Па така е и напишано: „Првиот чо­век Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух. Но не е прво духовното, туку ду­шев­­ното, а потоа духовното. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. Каков е земјениот, такви се и земје­ните; и каков е Небесниот, такви се и небесните; и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на око, на пос­ледната труба: зашто ќе затруби, и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се об­лече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.

1 Коринтјаните 15:35-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Некој од вас ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите? Какви тела ќе имаат?“ Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а потоа од него израснува живо растение. Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне. На секое посејано семе Бог му дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело. А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите. Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела. Сјајот на Сонцето се разликува од сјајот на Месечината; поинаков е, пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај. Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело. Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело. Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело. Во Светото Писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот. Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното. Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото. Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото. Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на Човекот што потекнува од небото. Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство. Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме преобразени. Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела. Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно.

1 Коринтјаните 15:35-53 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Но, некој ќе праша: “Како воскреснуваат мртвите? И во какво тело ќе дојдат? Неразумен човеку, она што го сееше ти, не оживува, ако не умре. И што сееш, не го сееш телото што ќе биде; туку голо зрно, било пченично или од нешто друго. А Бог му дава тело, какво што сака; и на секое семе негово тело. Не е секое тело исто тело: туку друго е човечкото, и друго е животинското тело, и друго е телото на птиците, и друго на рибите. Има и небесни тела и земни тела, но друг е сјајот на небесните тела, друг на земните. Друг е сјајот на сонцето, а друг е сјајот на месечината; а друг е сјајот на ѕвездите, зашто ѕвезда од ѕвезда се разликува по сјајот. Така е и со воскресението на мртвите; се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост; се сее без чест, воскреснува во слава; се сее во слабост, воскреснува во сила; се сее природно тело, воскреснува духовно тело. Ако има природно тело, има и духовно тело. Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа“; а последниот Адам - животворен Дух. Но не е прво она што е духовно, туку е прво природното, а духовното доаѓа потоа. Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото. Каков е земниот, такви се и земните; каков е небесниот, такви се и небесните. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот. Ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат Божјото Царство; ниту распадливото го наследува нераспадливото. Еве! Ви кажувам тајна: не ќе - умреме сите, но сите ќе се измениме, во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност.