Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 15:35-53

1 КОРИНТЈАНИТЕ 15:35-53 MKB

Но, некој ќе праша: “Како воскреснуваат мртвите? И во какво тело ќе дојдат? Неразумен човеку, она што го сееше ти, не оживува, ако не умре. И што сееш, не го сееш телото што ќе биде; туку голо зрно, било пченично или од нешто друго. А Бог му дава тело, какво што сака; и на секое семе негово тело. Не е секое тело исто тело: туку друго е човечкото, и друго е животинското тело, и друго е телото на птиците, и друго на рибите. Има и небесни тела и земни тела, но друг е сјајот на небесните тела, друг на земните. Друг е сјајот на сонцето, а друг е сјајот на месечината; а друг е сјајот на ѕвездите, зашто ѕвезда од ѕвезда се разликува по сјајот. Така е и со воскресението на мртвите; се сее во распадливост, воскреснува во нераспадливост; се сее без чест, воскреснува во слава; се сее во слабост, воскреснува во сила; се сее природно тело, воскреснува духовно тело. Ако има природно тело, има и духовно тело. Така е напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа“; а последниот Адам - животворен Дух. Но не е прво она што е духовно, туку е прво природното, а духовното доаѓа потоа. Првиот човек е од земја, земјен; вториот Човек е од небото. Каков е земниот, такви се и земните; каков е небесниот, такви се и небесните. И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и обликот на небесниот. Ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат Божјото Царство; ниту распадливото го наследува нераспадливото. Еве! Ви кажувам тајна: не ќе - умреме сите, но сите ќе се измениме, во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност.