1 Летописи 5:1-3
1 Летописи 5:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синови на Рувим, првороден Израелов; тој беше првороден, но откако ја оскверни постелата на татко си, првенството им беше дадено на синовите на Јосиф, син Израелов, но под услов да не се пишат првородени. Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосиф, – синови на Рувим, првородениот Израелов, беа: Енох, Палу, Есром и Карми.
1 Летописи 5:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Синови на Израелевиот првенец Рувим. Тој навистина беше првенец, ама кога ја онечисти татковата постела, неговото право за првенство им беше дадено на синовите на Израелевиот син Јосиф, но не им беше запишано во родословието, зашто Јуда надвладеа меѓу браќата, а од него се роди кнез. Сепак правото на првенство му припадна на Јосифа. Синови на Израелевиот првенец Рувим беа: Анох, Фалуј, Есрон и Хармиј.