1 Летописи 5
5
Потомците на Рувим
1 #
26,10; 1 Мојс 29,32; 35,22; 49,4 Синови на Рувим, првороден Израелов; тој беше првороден, но откако ја оскверни постелата на татко си, првенството им беше дадено на синовите на Јосиф, син Израелов, но под услов да не се пишат првородени. 2#11,2; 1 Мојс 49,10; 1 Сам 9,16; 2 Лет 7,18; Мт 2,6Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосиф, – 3#1 Мојс 29,32; 46,9; 2 Мојс 6,14; 4 Мојс 26,5-6синови на Рувим, првородениот Израелов, беа: Енох, Палу, Есром и Карми. 4Синови на Јоил: Шемаја, неговиот син Гог, неговиот син Семеј, 5негов син Миха, негов син Реаја, негов син Ваал, 6#2 Цар 16,10; 2 Лет 28,20негов син Беера, кого што асирскиот цар Тилгат-Пилнесер го одведе во плен. Тој беше началник на Рувимците. 7А роднините негови, според родовите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јеиел – главен, потоа Захарија 8#4 Мојс 32,37-38; Ис.Н. 13,15-23и Бела, син Азазов, син на Шема, син Јоилов; тој живееше во Ароер, до Нево и до Ваал-Меон; 9#1 Мојс 2,14; 4 Мојс 32,26потоа живееше тој кон исток сѐ до влезот во пустината, кој се протега до реката Еуфрат, зашто беа многубројни во земјата Галаадска. 10#27,31Во дните на Саул, тие водеа војна со Хагријците, а тие се населија во шаторите нивни по целата источна страна на Галаад.
Потомци на Гад
11 #
1 Мојс 30,11; 4 Мојс 1,25; 5 Мојс 3,10 Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Башанска, до Салеха: 12во Башан главен беше Јоил, втор – Сафан, потоа Јанај и Шафат. 13Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мешулам, Сева, Јорај, Јакан, Зија и Евер, седум. 14Еве ги синовите на Авихајл, син на Хури, син на Јароах, син Галаадов, син на Михаил, син Јешишаев, син Јахдоев, син Бузов. 15Ахи, син на Авдиел, син Гуниев, беше началник во домот на својот род. 16Тие се населија во Галаад, во Башан и по селата негови и во сите пасишта на Сарон, сѐ до крајните предели нивни. 17#2 Цар 14,23Тие сите беа впишани во родословијата во времето на јудејскиот цар Јотам и во времето на израелскиот цар Јеровоам.
Воините на источните племиња
18 #
4 Мојс 1,3
Меѓу потомците на Рувим и Гад и половината од племето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и опитни на борба, – четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет души, што одеа во војна. 19#1 Мојс 25,15Тие војуваа со Хагријците, со Јетурејците, Нафишејците, Нодавејците. 20#1 Цар 8,44; Ис 26,3; Пс 37,40; 54,4; Дан 6,23; 2 Лет 6,34И помош им беше дадена против нив, и Хагријците беа предадени во рацете нивни со сѐ што имаа, зашто во времето на борбите тие Го повикуваа Господа и Тој ги услишуваше, зашто на Него се надеваа. 21И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, магариња две илјади и сто илјади луѓе. 22#5 Мојс 20,4; 2 Цар 15,29; 2 Лет 32,8Зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место сѐ до прогонството.
Потомците на Манасија
23 #
7,14; 4 Мојс 32,39; 5 Мојс 3,8-9 Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Башан до Ваал-Ермон и Сенир и до гората Ермон; и тие се намножија. 24Еве ги нивните началници: Ефер, Јиши, Елиил, Азриил, Еремија, Ходавија и Јахдиел, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.
Преселба на источните племиња
25 #
9,1; 10,13; 2 Мојс 24,15; 3 Мојс 18,3; 5 Мојс 32,15-18; 2 Лет 12,2 Но тие направија престап против Бога на татковците свои и почнаа да живеат блудно според боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно, 26#2 Цар 15,16; 17,6; Ис 37,7тогаш Бог Израелов го поттикна духот на асирскиот цар Пул и духот на асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, и тие ги преселија Рувимците и Гадовците и половината од племето Манасиево и ги одведоа во Хелах, Хавор и Хара и на реката Гозан, каде што се и до ден денешен.
СЕМЕЈНИТЕ ЛОЗИ НА СВЕШТЕНИЦИТЕ
Други потомци од Левиј
27 #
1 Мојс 46,11; 2 Мојс 6,16 Синови на Левиј беа: Гершом, Каат и Мерари. 28#2 Мојс 6,18Синови на Каат: Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил. 29#2 Мојс 6,20.23Синови на Амрам: Арон, Мојсеј и Мирјам. Синови на Арон: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар. 30#2 Мојс 6,25Елеазар го роди Финес. Финес го роди Авишуа. 31Авишуа го роди Буки, Буки го роди Озиј, 32Озиј го роди Зараја, Зараја го роди Мериел. 33Мариел го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув. 34Ахитув го роди Садок, Садок го роди Ахимаа. 35Ахимаа го роди Азарија, Азарија го роди Јоанан. 36Јоанан го роди Азарија, тој беше свештеник во домот во кој живееше Соломон во Ерусалим. 37И Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув. 38Ахитув го роди Садок, а Садок го роди Селум. 39Селум го роди Хелкија, а Хелкија го роди Азарија. 40Азарија го роди Сераја, Сераја го роди Јоседек. 41А Јоседек отиде во пленство со Јуда и Ерусалим во рацете на Навуходоносор.
Селектирано:
1 Летописи 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006