Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 4

4
Потомци на Јуда
1 # 2,3-55 # 1 Мојс 29,35; 4 Мојс 26,21 Синови на Јуда: Фарес, Есром, Карми, Ор и Шовал. 2Реаја, Шовалов син, го роди Јахат; Јахат ги роди Ахумај и Лахад; од нив се родовите на Цорат. 3А ова се синовите на Етам: Јиз­реел, Јишма, Јидбаш, и сестрата нивна, по име Хаселелпонија. 4#Рута 1,19Фенуел, татко на Гедор, и Езер, татко на Хушин. Тоа се синовите на Ор, првенец Ефратов, татко Витлее­мов. 5#2,24Ашхур, таткото на Текоа, имаше две жени: Хела и Наара. 6Наара му ги роди Ахузам, Хефер, Темени и Ахаштари, тоа се синовите од Наара. 7Синови од Хела: Зерет, Цохар, и Етнан. 8Коз го роди: Анув и Хасовев и родовите на Ахархел, син на Харум. 9Јабец беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јабец, веле­јќи: го родив со болки. 10И повика Јабец кон Бог Израелов, велејќи: „О, да ме благословеше со Твојот благослов, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!“ И Бог му го даде она за што молеше.
Други семејства
11А Халев, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ештон. 12Ештон го роди Бет-Раф, Пасеах и Техина, таткото на Ирнахаш; тоа се жителите на Река. 13Синови на Кеназ: Готониил и Сераја, синови на Готониил: Хатат и Меонотај. 14Меонотај го роди Офра, а Сераја го роди Јоав, таткото на Гехара­шимците, наречени така зашто беа занаетчии. 15Синови на Халев, Јефунеов син: Ир, Ила и Наам. Син на Ила: Кеназ. 16Синови на Јехалелел: Зиф, Зифа, Тирија и Асраел. 17Синови на Езра: Јетер, Меред, Ефер и Јалон; Јетер, пак, го роди Мир­јам, Шамаја и Јишбах, таткото на Ештемоа. 18#Ис.Н. 15,34А жена му, Јудејката го роди Јаред, Гедоров татко, и Хевер, татко на Сохо, и Јекутиел, татко на Заноах. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Битија, што ја беше зел Меред. 19#5 Мојс 3,14; Ис.Н. 15,44Синовите на жената на Одија, сестра Нахамова, беа татковци на Кеила, Гермиецот и на Ештемоа од Маахат. 20Синови на Симон: Амнон, Рина, Бен-Ханан и Тилон. Синови на Иши: Зохет и синот на Зохет.
Потомци на Шела
21 # 1 Мојс 38,5 Синови на Шела, син Јудин: Ер, татко на Лека и Лаада, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Бет-Ашбеа, 22и Јоким, и жителите на Хозев, и Јоас, и Сараф, кои имаа имоти во Моав, и Јашуви-Лахем; но тоа се дамнешни работи. 23Тие беа грнчари, живеејќи и во Нетаим и Гедера; живееја таму кај царот, за да му работат.
Потомци на Симон
24 # 1 Мојс 29,33; 46,10; 2 Мојс 6,15; 4 Мојс 26,12-14 Синови Симонови: Немуел, Ја­мин, Јарив, Зерах и Саул. 25Негов син Селум; негов син Мив­сам; негов син Мишма. 26Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј. 27Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини. 28#Ис.Н. 19,1-8#1 Мојс 21,14Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал, 29во Билха, во Ецем, во Толад, 30во Ветуил, во Хорма, во Циклаг, 31#Ис.Н. 15,36во Бет-Маркавот, во Хацар-Су­сим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид, 32#Ис.Н. 15,42со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, – пет градови, 33и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија. 34А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија, 35Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераија, син Асиелов, 36Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Бенаија, 37и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев, – 38сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татков­ците нивни се разграни многу. 39#Ис.Н. 15,58Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасиш­та за стадата свои; 40#Суд 18,7-10и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамов­ците. 41#2 Лет 26,7Па појдоа тие, запишани поиме­нично, во дните на јудејскиот цар Езе­кија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни. 42#1 Мојс 14,6А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неа­рија, Рефаја и Узиил, синови на Иши, 43#1 Мојс 14,7; Ест 9,16и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.

Селектирано:

1 Летописи 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се