Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 17:16-27

1 Летописи 17:16-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш царот Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна? Но и тоа се покажа малку во Твои­те очи, Боже; Ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гле­даш на мене како на голем човек, Гос­поди Боже! Што уште може да каже пред Тебе Давид, за славата на Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга! Господи, за Твојот слуга, според ср­цето Свое, Ти ги правиш сите тие големи дела, објавувајќи го сето ова вели­чие. Господи, по сѐ она што сме го чуле со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе! И кој е сличен на Твојот народ Из­раел, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го откупи за свој народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела – преку прогонување на народите пред Твојот народ, кој го спаси од Египет, Ти. Ти го направи Твојот народ Израел Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог. И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал. Нека се зацврсти и нека се возве­личи Твоето име засекогаш, за да велат: ‚Господ Саваот, Бог Израе­лов, е Бог на Израел‘ и домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице. Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе. И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро. Затоа, според Твојата благонакло­ност, благослови го домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето ли­це; зашто, ако Ти, Господи, го благо­словиш, ќе биде благословен засекогаш.“

1 Летописи 17:16-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Давид дојде и застана пред Господа и рече: „Кој сум јас, о Боже Господи, и што е мојот дом та ме доведе дотука? Па и тоа беше премалку во Твоите очи, о Боже, туку му даде ветување на домот на Својот слуга и за далечната иднина, и погледна на мене како што се гледа на угледен човек, о Боже Господи! Па уште што да ти зборува Давид за славата на Твојот слуга; та Ти го познаваш Својот слуга! Господи, заради Својот слуга и по Своето срце го направи сето ова големо дело, објавувајќи ги овие величини. Господи нема таков Каков што си Ти, ниту има Бог освен Тебе, според сѐ што чувме со своите уши. Дали постои друг народ на земјата како Твојот Израелски народ, заради кој Бог одеше за да Си избави народ за Себе, за да си придобиеш така Име со големи и страшни чудеса, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ што го откупи од Египет? Така го направи Својот Израелски народ, Свој народ засекогаш, а Ти, Господи, му стана Бог. Затоа сега, Господи, нека биде цврсто довека словото што му го даде на Својот слуга и на неговиот дом, и направи како што вети. Нека биде цврсто, за да се велича Твоето Име засекогаш и да се вели: ‘Господ над Војските, Израелевиот Бог, е Бог над Израел, а домот на Твојот слуга Давид нека стои цврсто пред Тебе.’ Зашто Ти, Боже мој, му јави на увото на Својот слуга дека ќе му подигнеш дом, затоа Твојот слуга присобра храброст за да се помоли пред Тебе. Навистина, Господи, Ти Си Бог, и Ти му го даде ова убаво ветување на Твојот слуга. Затоа сега удостои се да го благословиш домот на Твојот слуга, за да остане довека пред Тебе, зашто кога Ти, Господи, ќе благословиш, ќе биде благословено довека.“