Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 15:25-29

1 Летописи 15:25-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така Давид и старешините изра­елски и илјадниците отидоа да го пренесат ковчегот на заветот Гос­подов од домот на Аведар со веселба. И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа ковчегот на заветот Гос­подов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни. Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, и пејачите што го носеа ков­чегот, како и Кенанија, кој рако­водеше со сви­рачите и со пејачите. Давид носеше и ленен ефод. И така сиот Израел го внесуваше ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на харфи и лири. Кога ковчегот на заветот Госпо­дов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.

1 Летописи 15:25-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Така Давид со израелските старешини и со илјадниците одеше радосно пренесувајќи го горе Ковчегот на Господовиот Завет од Овид-Едомовата куќа. Кога Бог им помогна на левитите кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, жртвуваа седум јунци и седум овни. Давид беше наметнат со плашт од тенко платно, а исто така и сите левити кои го носеа Ковчегот, и пејачите и Хенаниј кој управуваше со носачите среде пејачите. Давид имаше ленен наплеќник врз себе. Така сиот Израел го пренесуваше горе Ковчегот на Господовиот Завет, радосно воскликнувајќи наспоредно со звуците на роговите, трубите и кимвалите, играјќи при звуците на псалтирите и гуслињата. Кога Ковчегот на Господовиот Завет влегуваше во Давидовиот Град, Сауловата ќерка Михала, гледајќи од прозорецот, го виде царот Давид како скока и игра, и таа го презре во своето срце.