Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 15

15
3. Пренесување на Ковчегот во Ерусалим
а. Подготовки
1Тогаш Давид изгради дворци во Давидовиот Град, подготви место за Ковчегот и му оптегна Шатор. 2Потоа Давид рече: „Никој не смее да го носи Божјиот Ковчег освен левитите, зашто Господ ги избра нив за да го носат Божјиот Ковчег и за да му служат довека.“ 3Давид го собра сиот Израел во Ерусалим за да го пренесат Господовиот Ковчег горе на неговото место што му го беше подготвил. 4Давид ги собра и Ароновите синови и левитите. 5Од Каатовите синови: кнезот Урил и сто и дваесет негови браќа; 6од Мерариевите синови: кнезот Асај и двеста и дваесет негови браќа; 7од Гирсоновите синови: кнезот Јоел и сто и триесет негови браќа. 8Од Елисафановите синови: кнезот Семај и двеста негови браќа. 9Од Хевроновите синови: кнезот Елил и осумдесет негови браќа; 10од Озиловите синови: кнезот Аминадав и сто и дваесет негови браќа. 11Тогаш Давид ги повика свештениците Садок и Авијатар, и левитите Урил, Асај, Јоил, Самај, Елил и Аминадав, 12па им рече: „Вие сте главатари на левитските семејства; осветете се себеси и своите браќа за да го пренесете горе Ковчегот на Господа, Израелевиот Бог, на местото што му го подготвив. 13Зашто нѐ погуби Господ, нашиот Бог, затоа што првиот пат вие не бевте присутни и затоа што не Го баравме онака како што треба.“ 14Тогаш свештениците и левитите се осветија за да го пренесат горе Ковчегот на Господа, Израелевиот Бог. 15Левитските синови го понесоа Божјиот Ковчег, на своите раменици, на драгови, како што заповеда Мојсеј според Господовиот збор.
б. Назначување пејачи со музички справи
16Тогаш Давид им рече на левитските кнезови да од своите браќа постават пејачи со музички справи, со псалтири, со гуслиња и со кимвали, за да се слуша и за да се одгласува силно радосното пеење. 17Левитите ги поставија Јоиловиот син Еман, а од неговите браќа Варахиевиот син Асаф, и од нивните браќа, Мерариевите синови, Кисеовиот син Етан. 18Со нив нивните браќа од вториот ред: Захариј, синот Јазилов, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Венаја, Масиј, Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом и Еил, вратари. 19А пејачите Еман, Асаф и Етан удираа громко во бронзените кимвали. 20А Захариј, Азил, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Масиј и Венаја во псалтири со високи звуци; 21а Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Елиј и Азазиј во гуслиња, во осминска придружба. 22Хенаниј, кнезот на оние левити кои го носеа Ковчегот, управуваше со пренесувањето, зашто беше вешт. 23Варахиј и Елкана беа вратари кај Ковчегот. 24Севаниј, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захариј, Венаја и Елиезер, свештеници, трубеа во труби пред Божјиот Ковчег; Овид-Едом и Ехиј беа вратари кај Ковчегот.
в. Пренесување на Ковчегот во Давидов Град
25Така Давид со израелските старешини и со илјадниците одеше радосно пренесувајќи го горе Ковчегот на Господовиот Завет од Овид-Едомовата куќа. 26Кога Бог им помогна на левитите кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, жртвуваа седум јунци и седум овни. 27Давид беше наметнат со плашт од тенко платно, а исто така и сите левити кои го носеа Ковчегот, и пејачите и Хенаниј кој управуваше со носачите среде пејачите. Давид имаше ленен наплеќник врз себе. 28Така сиот Израел го пренесуваше горе Ковчегот на Господовиот Завет, радосно воскликнувајќи наспоредно со звуците на роговите, трубите и кимвалите, играјќи при звуците на псалтирите и гуслињата. 29Кога Ковчегот на Господовиот Завет влегуваше во Давидовиот Град, Сауловата ќерка Михала, гледајќи од прозорецот, го виде царот Давид како скока и игра, и таа го презре во своето срце.

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се