Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 26

26
ПСАЛМ 26
Во Божјата близина нема страв
1 # 4,6; 17,28; 27,8; 30,2; 35,9; 42,3; Ис 10,17; Мих 7,8; Јн 1,4.9; 1 Јн 1,5 На Давид, пред помазувањето.
Господ е просветлување мое и Спасител мој;
од кого ќе се бојам?
Господ е заштитник на животот мој;
од кого ќе се плашам?
2 # 13,4; Јов 19,22 Кога се приближија до мене злосторници за да ми го изедат телото,
угнетувачите и непријателите мои, тие снеможеа и паднаа.
3И војска ако се построи против мене,
нема да се уплаши срцето мое;
и војна ако се крене против мене,
јас и тогаш ќе се надевам.
4 # 22,6; 25,8; 41,2; 60,4; 62,2; 83,1-3; 89,17 Едно посакав од Господа, само тоа ќе го барам:
да престојувам во домот Господов во сите денови од животот мој,
да ја гледам убавината Господова
и да го посетувам Неговиот свет храм.
5 # 16,8; 30,20; 63,2; 60,2 Зашто во денот на неволите мои ме сокри во скинијата,
ме засолни во сокровиштето на скинијата Своја,
на карпа ме издигна.
6И, ете, сега ја издигна главата моја над непријателите мои.
Неговата скинија ја обиколив
и во неа принесов жртва со восклик;
ќе пеам и ќе Го воспевам Господа.
7Чуј го, Господи, гласот мој со кој повикав;
помилуј ме и чуј ме.
8 # 23,6; 104,4; 2 Цар 21,1; Ос 5,15 Тебе Ти говореше срцето мое,
Те бараше лицето мое;
лицето Твое, Господи, ќе го барам.
9 # 12,1; 23,6; 43,24; 68,17; 87,14; 104,4; Ос 5,15 Не одвраќај го лицето Свое од мене
и во гневот Свој не отстапувај од слугата Твој.
Биди ми помошник, не отфрлај ме
и не напуштај ме, Боже, Спасителе мој.
10 # Ис 49,14-15; Ер 31,20; Ос 11,8 Зашто таткото мој и мајката моја ме оставија,
а Господ ме прифати.
11 # 24,4; 85,11 Постави ми го за закон, Господи, патот Твој
и води ме по права патека заради непријателите мои.
12Не предавај ме на душите на угнетувачите мои,
зашто се кренаа против мене сведоци неправедни
и неправдата се прелажа себеси.
13 # 115,9; 141,5 Верувам дека ќе ги видам добрата Господови
во земјата на живите.
14 # 30,24; 36,34; 129,5-6; Ис.Н. 1,9; 1 Кор 16,13 Чекај Го Господа, биди храбар,
зацврстувај го срцето свое и чекај Го Господа.

Селектирано:

Псалми 26: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се