Кога се приближија до мене злосторници за да ми го изедат телото,
угнетувачите и непријателите мои, тие снеможеа и паднаа.
И војска ако се построи против мене,
нема да се уплаши срцето мое;
и војна ако се крене против мене,
јас и тогаш ќе се надевам.