Лука 7
7
Верата на еден стотник
(Мт 8,5-13; Јн 4,46-54)
1Откако ги заврши сите Свои зборови кон народот кој слушаше, Исус влезе во Капернаум. 2#Јн 4,47А слугата на еден стотник, кого стотникот многу го уважуваше, беше тешко болен, на умирање. 3Па штом слушна за Исус, стотникот ги прати кај Него јудејските старешини, молејќи Го да дојде и да го спаси неговиот слуга. 4А тие, кога дојдоа кај Исус, усрдно Го молеа и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, 5#Дела 10,2зашто тој го љуби нашиот народ и ни ја изгради синагогата.“ 6#Дела 10,23Исус тргна со нив. А кога беа веќе недалеку од куќата, стотникот прати пријатели кај Него, за да Му кажат: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив; 7затоа и себеси не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; 8зашто и јас сум човек поставен под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ’Отиди!‘ и тој оди; на другиот: ’Дојди!‘ и тој доаѓа; и на мојот слуга: ’Направи тоа‘ – и тој прави.“ 9Штом го слушна тоа, Исус се восхити и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ниту во Израил не најдов толкава вера!“ 10А кога испратените се вратија во куќата, го најдоа болниот слуга оздравен.
Чудото со синот на една вдовица
11Потоа отиде во еден град наречен Наин; и со Него одеа Неговите ученици и мноштво народ. 12#8,42; 3 Цар 17,10-12А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на својата мајка, која беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. 13#7,19; 8,52; 11,39Кога Господ ја виде, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“ 14#Мт 9,25; Мк 1,31; 9,27; Дела 9,40И, пристапувајќи, се допре до носилото; а носачите застанаа. Па рече: „Момче, тебе ти велам: стани!“ 15#3 Цар 17,23; 4 Цар 4,36Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му. 16#1,68; 19,44; 3 Цар 17,17-24; 4 Цар 4,18-37; 13,20-21; Пс 110,9Тогаш сите ги обзеде страв и Го славеа Бога и велеа: „Велик пророк се јави меѓу нас“ и „Бог го посети Својот народ.“ 17И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.
Пратениците на Јован Крстителот
(Мт 11,2-6)
18А учениците на Јован му соопштија за сето тоа. 19#Пс 117,26; Мт 23,39; Јн 6,14; 11,27; Откр 4,8Јован, пак, повика двајца од своите ученици и ги испрати кај Исус, за да прашаат: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“ 20И кога дојдоа кај Него, луѓето Му рекоа: „Јован Крстителот нѐ прати кај Тебе, да прашаме: ’Ти ли си Оној што треба да дојде или друг да чекаме?‘“ 21Во тој час Тој излечи мнозина од болести, и од рани, и од зли духови и на мнозина слепи им подари вид. 22#2,34; Ис 26,19; 29,18; 35,5-6; 42,7.18; 61,1Па одговарајќи, Исус им рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на сиромашните им се проповеда благовестието; 23#Мт 5,3.29и блажен е оној кој не ќе се соблазни поради Мене.“
Исус говори за Јован Крстител
(Мт 11,7-11)
24А кога си отидоа учениците на Јован, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лула од ветар? 25Но што сте излегле да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се во величествени облеки и живеат раскошно, по царски палати се. 26#Мт 14,5Па, што сте излегле да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк. 27#1,76; 2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2Овој е тој за кого е напишано: ’Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.‘ 28#1,15Ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во Божјото царство е поголем од него.“ 29#Мт 21,32#3,7.12И целиот народ што слушаше, и даночниците, ја признаа Божјата правда, крштевајќи се со Јовановото крштевање; 30#10,25; 11,45-46.52а фарисеите и закониците ја отфрлија волјата Божја за нив и не се крстија од него. 31#Мт 11,16-19„Со кого да ги споредам луѓето од ова поколение? И кому се слични? 32Тие личат на деца што седат во пазарот и си довикуваат меѓу себе, велејќи: ’Ви свиревме – не игравте; ви тажевме – не плачевте!‘ 33#1,15; Јн 7,20; 10,20Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде ниту вино пие, а вие велите: ’Демон има во него.‘ 34#5,30; 15,1-2; Мт 8,20Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ’Еве човек јадач и винопиец, пријател на даночници и грешници!‘ 35#2,40.52; 11,31; 21,15Но мудроста се оправда преку сите свои чеда.“
Исус и жената грешница
36 #
11,37; 14,1 Еден од фарисеите Го покани да јаде со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 37#Мт 26,7И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе сад од алабастер со миро; 38#Јн 12,3па откако застана одзади при Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие Неговите нозе со солзи и ги триеше со својата коса; и ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро. 39#7,16; 24,19; Мт 21,11; Јн 4,18-19А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, си рече во себе: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“ 40Одговарајќи му, Исус рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“ 41Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. 42#Мт 18,27Но бидејќи немаа да му вратат, тој им го прости долгот на обајцата. Кажи, кој од нив повеќе ќе го љуби?“ 43#10,28Симон одговори и Му рече: „Мислам оној кому повеќе му простил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“ 44#1 Мојс 18,4; 19,2; Јн 13,1-17И штом се сврте кон жената, му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ниту вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со својата коса ги истри. 45#Рим 16,16; 1 Птр 5,14Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива Моите нозе. 46#Пс 22,5Ти со масло не ја помаза Мојата глава, а таа со миро ги помаза Моите нозе. 47Затоа ти велам: нејзе ѝ се простуваат многу гревови, зашто многу љубеше. А кому му е простено малку, тој малку љуби.“ 48#Мт 9,2; 26,28Нејзе, пак, ѝ рече: „Ти се простуваат гревовите!“ 49#5,21А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“ 50#17,19; Мт 8,10; 9,22; Мк 5,34; 10,52; 1 Сол 5,13На жената пак ѝ рече: „Твојата вера те спаси; оди си во мир!“
Селектирано:
Лука 7: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023