Лука 6
6
Исус и саботата
(Мт 12,1-8; Мк 2,23-28)
1 #
5 Мојс 23,25
Во втората сабота по Пасха се случи да мине низ нивите, а Неговите ученици кинеа класја и, триејќи ги со рацете, јадеа. 2#2 Мојс 20,10; 23,12; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е допуштено да се прави во сабота?“ 3#1 Цар 21,1-6Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне, тој и оние што беа со него? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите на предложението и јадеше, па им даде на оние што беа со него, а од нив не е допуштено да јаде никој освен свештениците?“ 5И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“
Човекот со исушена рака
(Мт 12,9-21; Мк 3,1-6)
6 #
13,10-11; 14,1-2 Се случи и во друга сабота да влезе во синагогата и да поучува; а таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена. 7Книжниците и фарисеите внимаваа на Него дали ќе го излекува во сабота, за да можат да Го обвинат. 8#9,47; Мт 12,25; Јн 1,48Но Тој ги знаеше нивните помисли и му рече на човекот со исушената рака: „Стани и застани насреде!“ И тој стана и застана. 9Тогаш Исус им рече: „Ќе ве запрашам: што е дозволено да се прави во сабота – добро или зло? Да се спаси еден живот или да се уништи?“ 10Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја својата рака!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата. 11#11,53А тие се избезумија и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.
Исус ги одбира дванаесеттемина апостоли
(Мт 10,1-4; Мк 3,7-19)
12 #
3,21; 5,16; 9,18; 11,1; Мт 14,23; Мк 6,46 Тие денови Исус се искачи на една гора за да се помоли и целата ноќ ја помина во молитва кон Бога. 13#9,10; 11,49; 22,14; Јн 6,70А кога се раздени, ги повика Своите ученици и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли: 14#1 Мојс 17,5.15; 32,29; 4 Цар 23,34; 24,17; Мт 4,21; 10,2-3; Јн 1,40-44Симон, кого го нарече Петар, и брат му Андреј; Јаков и Јован; Филип и Вартоломеј; 15#Мт 9,9; 10,3; Јн 20,24-28Матеј и Тома; Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот#6,15 Ревнител; 16#Мт 10,3-4; Јн 14,22; Дела 1,13Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.
Исус и народот
(Мт 4,24-25; Мк 3,7-11)
17 #
Мк 3,8
Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и големо мноштво луѓе од цела Јудеја, и од Ерусалим и од крајбрежјето на Тир и на Сидон. Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од своите болести, 18а беа излечени и оние што страдаа од нечисти духови. 19#5,17; 8,46; Мт 14,36; Мк 3,10; 5,30И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и сите ги лекуваше.
За блажените
(Мт 5,1-12)
20 #
4,18; 10,21; 18,14; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 32,12; 33,19; 83,5; Изреки 8,32.34; Мт 3,2 А Тој ги подигна очите кон Своите ученици и им говореше: „Блажени сте вие бедните, зашто ваше е царството Божјо! 21#Ис 25,6-9; 49,10; 61,3; Ер 31,25; Пс 125,5-6; Откр 7,16-17Блажени сте вие, кои сега гладувате, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се смеете! 22#Мт 8,20; Мк 13,13; Јн 9,22; 16,2; 1 Птр 4,14 Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве отфрлат и ќе ве навредуваат и ќе го разгласат вашето име како лошо, поради Синот Човечки! 23#13,33-34; 2 Лет 36,16; Мт 21,35; 23,30-31Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е вашата награда на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците! 24#11,42-52; 16,25; Ис 5,8; Ер 17,5-6; Амос 6,1; Авак 2,6; Проп 10,16; Мт 11,21; Јк 5,1-5Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха! 25Тешко вам презаситени, зашто ќе огладнете! Тешко вам кои сега се смеете, зашто ќе заридате и ќе заплачете! 26#Јк 4,4Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас, зашто и нивните татковци така им правеа на лажните пророци!
Љубов кон непријателите
(Мт 5,38-48)
27Но вам, кои слушате, ви велам: љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние што ве мразат; 28#Рим 12,14благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат! 29#Плач 3,30; Јн 18,22-23; Дела 23,3На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што ќе ти ја земе наметката, подај му ја и туниката. 30На секој што бара од тебе, дај му, и од оној што ти зема нешто, не барај да ти врати! 31#Тов 4,16; Мт 7,12; Рим 13,8-10Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! 32И ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги љубат оние кои нив ги љубат. 33И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Зашто и грешниците го прават истото. 34И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото. 35#3 Мојс 25,35-36; 5 Мојс 15,8Туку вие љубете ги вашите непријатели, и правете добро и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон злобните.
Милосрдност кон ближниот
(Мт 5,48; 7,1-12; 15,14; 10,24-25; 7,3-5)
36 #
2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,31; Пс 77,38; 85,15 И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“ 37#Мт 6,14; Мк 11,25; Рим 14,10„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; простувајте и ќе ви биде простено; 38#16,9; Рута 3,15; Мк 4,24давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви дадат во пазувите; зашто со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“ 39#Мт 15,14; Рим 2,19И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зар нема и обајцата да паднат во јама? 40#Мт 10,24-25; Јн 13,16; 15,20Ученикот не е поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и неговиот учител. 41И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? 42Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја извадам раската од окото, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш, за да ја извадиш раската од окото на својот брат.“
Вистинскиот ученик
(Мт 7,16-21; 12,33-37)
43„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво што дава добар плод. 44#Мт 7,16; 12,33; Јк 3,11-12Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. 45Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а злобниот човек од злобната ризница на своето срце изнесува зло, зашто неговата уста го зборува она со што му е исполнето срцето.“
Две куќи
(Мт 7,21-27)
46 #
Ис 29,13; Мал 1,6-7; Мт 7,21; Мк 7,6; Рим 2,13; Јк 1,22.25; 1 Јн 2,17 „И зошто Ме повикувате: ’Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? 47Ќе ви покажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша Моите зборови, и ги исполнува. 48Тој прилега на човек кој, градејќи куќа, копал длабоко и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката навали на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на камен. 49А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога надојде реката веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше страшно.“
Селектирано:
Лука 6: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023