Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 5

5
Првите ученици
(Мт 4,18-22; Мк 1,16-20; Јн 21,1-11)
1 # Мт 13,1-2 # Јн 1,40-42; 21,1-19 # Мк 4,1 Кога народот се притис­каше кон Него за да го чуе словото Божјо, а Тој стоеше покрај Гени­са­рет­ското езеро, 2виде два кораба што стоеја на крајот од езерото; а рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите. 3Тој влезе во еден од корабите, кој бе­ше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, та седна и почна да го поучува народот од коработ. 4А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги своите мрежи за лов!“ 5#8,24.45А Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ниш­то не уловивме; но штом Ти велиш, ќе ја фрлам мрежата.“ 6И штом го направија тоа, уловија толку многу риби што ду­ри и мрежата им се кинеше. 7И им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им по­могнат; и тие дојдоа и ги наполнија двата кораба, толку многу што почнаа да тонат. 8#2 Мојс 33,20А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред Исусовите нозе и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ 9Зашто него и сите што беа со него ги беше обзел страв од ловот на рибите, што ги фатија, 10#Мк 1,17.19-20 а исто така и Јаков и Јован, Зеведеевите синови, кои му беа другари на Си­мон. И Исус му рече на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ 11#5,28; 14,33; Мт 19,27Кога ги извлекоа двата кораба на брегот, оставија сѐ и тргнаа по Него.
Исцелувањето на лепрозниот
(Мт 8,1-4; Мк 1,40-45)
12А кога Исус беше во еден град, ете еден човек, сиот лепрозен, штом Го виде Исус, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш мо­жеш да ме очистиш.“ 13Тој, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата отиде од него. 14#3 Мојс 13,49; 14,1-32; Мк 1,25И Тој му заповеда никому да не кажува, туку: „за сведоштво пред нив, оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очис­ту­ва­њето твое, како што одредил Мојсеј!“ 15#4,14.37Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу народ доаѓаше да Го слуша и преку Него да се излекува од своите болести. 16#3,21; 6,12; 9,18.28; 11,1А Тој се повлекуваше во пустините и се молеше.
Исцелувањето на неподвижниот човек
(Мт 9,1-8; Мк 2,1-12)
17 # 1,35; 4,36; 6,19; Мк 5,30; Дела 3,12 Еден ден, додека Тој поучуваше, таму се­деа фарисеи и учители на Законот, кои беа дошле од сите села на Галилеја и на Ју­деја, и од Ерусалим; а Тој имаше Господова сила да лекува. 18И, ете, некои мажи донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и се обидуваа да го внесат и да го положат пред Него; 19па, бидејќи не најдоа од каде да го внесат поради мноштвото народ, се качија на кровот и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус. 20#Мт 8,10; 26,28А Тој, штом ја виде нивната вера, му рече: „Човеку, ти се простуваат гре­во­вите!“ 21#7,49; Ис 43,25; Пс 102,3; Мт 9,3; 1 Јн 1,9Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат, велејќи си: „Кој е Овој што богохули? Кој може да простува гревови, освен Единиот Бог?“ 22#6,8; 9,47; Мт 12,25А Исус, знаејќи ги нивните мисли, им одговори и рече: „Што раз­мислувате во своите срца? 23Што е полесно да се каже: ’Ти се простуваат гревовите‘, или да се каже: ’Стани и оди?‘ 24#Мт 8,20; Јн 5,8; Дела 9,33-35Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да простува гревови“; на неподвижниот му рече: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ 25#2,20И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде до­ма, славејќи Го Бога. 26#2,9.11.13 И сите ги обзеде восхит и Го славеа Бо­га; па, исполнети со страв, говореа: „Денес видовме чудесни работи!“
Гозбата кај Левиј
(Мт 9,9-17; Мк 2,13-17)
27 # Мт 5,46 А потоа Исус излезе и виде еден даночник, по име Левиј, кој се­де­ше во местото за прибирање данок, и му рече: „Врви по Мене!“ 28#5,11; 12,33Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. 29#15,1-2; Мт 11,19И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многу даночници и други што седеа со нив на трпезата. 30#Мт 3,7; 5,46А фарисеите и нивните книжници не­годуваа кон Неговите ученици, велејќи: „Зошто јадете и пиете со даночници и грешници?“ 31Одговарајќи, Исус им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 32#13,1-5; 24,47; Мт 3,2; 1 Тим 1,15не сум дошол да ги повикам пра­вед­ните на покајание, туку грешните.“
За постот
(Мт 5,14-15; Мк 2,18-20)
33 # 18,12; Мт 6,16; Јн 3,25-26 А тие Му рекоа: „Зошто учениците на Јован, како и оние на фарисеите, често постат и се молат, а Твоите јадат и пијат?“ 34Тој им рече: „Зар можете да ги на­те­рате сватовите да постат додека младоженецот е со нив? 35#9,22; 17,22Но ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен и тогаш, во тие денови, ќе постат.“
Старото и новото
(Мт 9,16-17; Мк 2,21-22)
36 # 2 Кор 5,17; Гал 1,6; 4,9 Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не отсекува парче од нова облека за да го пришие на стара облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега парче од новата. 37И никој не налива ново вино во ста­ри мевови; инаку новото вино ќе ги рас­це­пи мевовите, и тоа ќе истече, а и ме­во­вите ќе се упропастат; 38туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачуваат и двете. 39#Јн 2,10; 3,19И никој што пиел старо вино, нема веднаш да посака ново; зашто вели: ’Ста­рото е подобро.‘“

Селектирано:

Лука 5: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за Лука 5