Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 16

16
Парабола за досетливиот настојник
1 # 12,42 А на Своите ученици им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник, кој беше на­кле­ве­тен пред него дека го растура неговиот имот. 2#Рим 14,12И тој го повика и му рече: ’Што е ова што слушам за тебе? Дај отчет за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘ 3А настојникот си рече во себе: ’Што да правам? Мојот господар ми го одзема раководењето; да копам – не можам, да просам – се срамам. 4Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето.‘ 5И повикувајќи ги должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ’Колку му должиш на мојот господар?‘ 6Тој одговори: ’Сто мери масло.‘ И му рече: ’Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘ 7Потоа му рече на другиот: ’А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ’Сто ме­ри пченица.‘ И му рече: ’Земи си ја пот­врдата и напиши осумдесет!‘ 8#20,34; Јн 8,12; 12,36; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5И господарот го пофали нес­пра­вед­ливиот настојник, оти постапил до­сетливо; зашто синовите на овој свет се подосетливи кон својот род од сино­вите на светлината.
За неправедно стекнатото богатство и за вистинското добро
9 # 12,33; 18,22 И јас ви велам: стекнете си прија­те­ли преку неправедно богатство, па, кога ќе осиромашите, да бидете примени во вечните живеалишта. 10#19,17; Мт 25,21.23Верниот во малку и во многу е ве­рен, а неправедниот во малку и во многу е неправеден. 11Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? 12И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? 13#Мт 6,24Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бо­га и на Мамон#16,13 Мамон значи добивка, богатство..“
Законот и царството
(Мт 11,12-13; 5,31-32; Мк 10,11-12)
14 # 20,47 Сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци, и Му се потсмеваа. 15#20,20; 1 Цар 16,7; Ер 11,20; Изреки 16,5; 24,12; Мт 23,28; Дела 15,8 Па им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, одвратност е за Бога. 16#4,43; 13,24; Мт 3,1Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се благовести за царството Божјо и секој со усилба влегува во него. 17#Мт 5,18Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една црта од За­ко­нот да пропадне. 18#Мт 5,32; 19,9; 1 Кор 7,10-11Секој што ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба, и секој што се жени со онаа што ја оставил мажот, прави прељуба.“
Парабола за богатиот човек и Лазар
19„Си беше еден богат човек кој се об­лекуваше во порфир и во свила и секој ден се веселеше во раскош. 20#Јн 11,1-44; 12,1.9А беше и еден сиромав, по име Ла­зар, кој ле­жеше пред неговата порта сиот покриен со красти, 21#Изреки 26,11; Мт 7,6; 15,27и сакаше да се нахрани со трош­ките што паѓаа од трпезата на богати­от; и кучињата доаѓаа и ги лижеа неговите рани­. 22#13,28Умре сиромавиот и ангелите го од­несоа во пазувите на Авраам; умре и богатиот и го погребаа. 23И додека беше во маки во пеколот, ги подигна своите очи и го виде од­далеку Авраам, и Лазар во не­говите па­зуви. 24Тогаш тој извика и рече: ’Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Ла­зар да го натопи врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, заш­то страдам во овој пламен!‘ 25#6,21.24Но Авраам рече: ’Синко, сети се де­ка ти си го добил своето добро уште до­дека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, овде тој се утешува, а ти страдаш. 26А згора на сѐ, меѓу вас и нас поставена е голема бездна така што оние кои би са­кале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не можат да преминат кај нас.‘ 27А тој рече: ’Тогаш, те молам, оче, прати го во куќата на татко ми, 28зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘ 29#24,44; Јн 5,45-47; Дела 15,21Но, Авраам му рече: ’Тие ги имаат Мој­сеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘ 30А тој рече: ’Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘ 31#24,27.44; Јн 5,46-47; 11,44; 20,29Авраам му рече: ’Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да се уверат.‘“

Селектирано:

Лука 16: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се