Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15

15
Исус и грешниците
1 # Мт 5,46; 9,10; Мк 2,15 Сите даночници и грешници се приближуваа кон Него за да Го слушаат. 2#5,30; 7,34А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“
Парабола за загубената овца
(Мт 18,12-14)
3Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече: 4#12,32; 19,10; Ер 23,1-4; Ез 34,11.16; Мих 4,6-7„Кој од вас, ако има сто овци и ако загуби една од нив, нема да ги ос­тави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара за­гу­бената, сѐ додека не ја најде? 5И откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен; 6и кога ќе дојде дома, ќе ги повика пријателите и соседите, и ќе им рече: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата за­гу­бена овца!‘ 7#1,14; 15,10; Јк 5,20Ви велам дека исто така и на небото ќе биде поголема радоста за еден грешник што се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание.
Парабола за загубената драхма
8Или која жена, ако има десет драхми и ако загуби една драхма, нема да запали светило, и да ја измете куќата и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде? 9А штом ќе ја најде, ќе ги повика прија­телките и сосетките, велејќи: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘ 10Таква радост, ви велам, има и пред Божјите ангели за еден грешник што се кае.“
Парабола за загубениот син
11 # Мт 21,28 И рече: „Еден човек имаше два си­на. 12#5 Мојс 21,16-17Помладиот од нив му рече на својот татко: ’Татко, дај ми го делот од имотот што ми при­паѓа!‘ И тој им го раз­де­ли имотот. 13#Изреки 29,3По неколку дена помладиот син собра сѐ и замина во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи распуштено. 14И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во оскудност; 15#5 Мојс 14,8па се прибра кај еден жител на таа земја и тој го прати во своите полиња да пасе свињи. 16И страден беше да го наполни својот стомак макар и со мешунки што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. 17А кога дојде на себеси, рече: ’Колку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас умирам од глад. 18#Пс 50,5Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и пред тебе, 19#Ис 55,7 и веќе не сум достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од тво­ите наемници.‘ 20#1 Мојс 29,13; 2 Цар 14,33; Ис 49,15; Ер 3,12; 31,20; Тов 11,9-11Па стана и отиде кај својот татко. А додека уште беше далеку, неговиот татко го здогледа и се сожали на него, па потрча, го прегрна околу вратот и го целива. 21И синот му рече: ’Татко, згрешив против небото и пред тебе, и веќе не сум достоен да се наречам твој син!‘ 22#1 Мојс 41,42; Зах 3,4Но, таткото им рече на своите слуги: ’Изнесете ја најубавата облека и облечете го, и ставете му прстен на раката и обувки на нозете; 23па доведете го згоеното теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме, 24#Ефес 2,1.5; 5,14; 1 Тим 5,6зашто овој мој син беше мртов и оживеа, беше изгубен и се најде.‘ И поч­наа да се веселат. 25А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и игри. 26Тогаш повика еден од слугите и го праша: ’Што е ова?‘ 27А тој му рече: ’Брат ти си дојде и татко ти го закла згоеното теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ 28Тој се разгневи и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. 29А тој му одговори на својот татко и му рече: ’Ете, ти служам толку години и никогаш не сум прекршил твоја за­по­вед; и мене никогаш не си ми дал ниту јаре за да се развеселам со моите пријатели; 30#Изреки 29,3а штом си дојде овој твој син, што ти го упропасти имотот со блудници, за него го закла згоеното теле.‘ 31А тој му рече: ’Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; 32но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживеа, беше изгубен и се нај­де.‘“

Селектирано:

Лука 15: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за Лука 15