Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 11

11
Исус и молитвата
(Мт 6,9-13)
1 # 3,21; Мт 14,23 Еднаш Тој беше на едно место и се молеше. Кога заврши, еден од Неговите ученици Му рече: „Госпо­ди, научи нѐ да се молиме, како што Јован ги научи своите ученици.“ 2#23,34.46А Тој им рече: „Кога се молите, го­ворете: ’Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на не­бото, така и на земјата; 3#Изреки 30,8лебот наш насушен давај ни го секој ден; 4#Сир 33,1; Мт 18,24-27.35; 26,28.41; Мк 11,25и прости ни ги нашите гревови, заш­то и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот!‘“
Парабола за пријателот
5И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ’Пријателе, позајми ми три леба, 6зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘ 7И ако оној одвнатре му одговори и рече: ’Не ме обеспокојувај; вратата е ве­ќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти да­дам‘, 8#18,5ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.
Секој што ќе побара ќе му биде дадено
(Мт 7,7-11)
9 # Ер 29,12-13 # Мк 11,24; Јн 14,13; 15,7; 16,24; Јк 1,5-7; 1 Јн 5,14-15 И Јас ви велам: Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. 10Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа и на оној што чука – ќе му се отвори. 11И кој татко меѓу вас, ако синот му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, ќе му даде змија наместо ри­ба? 12Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија? 13Па така, ако вие, кои сте зли, умеете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе небесниот Отец ќе им Го даде Светиот Дух на оние што Му бараат?“
Исус се брани од обвинувањето
(Мт 9,32-34; 12,22-30; Мк 3,20-27)
14Еднаш Тој истера еден демон, кој беше нем, а кога демонот излезе, не­миот проговори; и народот се восхити. 15#Мт 9,34; 10,25Но некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“ 16#20,4; Мт 16,1-4; 12,38; Мк 8,11; Јн 2,18; 1 Кор 1,22А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото. 17Но Тој, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа. 18Па така, и сатаната ако се поделил сам против себе, како ќе опстои неговото царство? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам демоните. 19И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, тогаш преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа, тие ќе ви бидат судии. 20#17,21; 2 Мојс 8,20; Пс 8,3Ако, пак, со Божји прст ги из­го­нувам демоните, тогаш до вас дошло царството Божјо. 21#Ис 49,24Кога силен, вооружен човек, го чу­ва својот двор, тогаш неговиот имот е во безопасност. 22#3,16; Ис 49,25; 53,12Но кога ќе го нападне некој посилен од него и ќе го надвладее, тој ќе му го земе сето негово оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде. 23#9,50; Мт 12,30; Мк 9,40Кој не е со Мене, тој е против Ме­не; и кој не собира со Мене, тој растура.
Враќање на лошиот дух
(Мт 12,43-45)
24 # 8,29 Кога нечистот дух ќе излезе од чо­ве­кот, тој минува преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ’Ќе се вратам во мојот дом, од каде што излегов.‘ 25И штом ќе дојде, го наоѓа изметен и среден. 26#8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и доведува други седум духа, полоши од себе, и кога ќе вле­зат, живеат таму; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата.“
За вистинското блаженство
27 # 1,31.42.48; Мт 5,3; Јн 13,17; 14,23; Јк 1,25 Додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела и градите од кои си доен!“ 28#8,21; 5 Мојс 30,14; Јн 15,14; Откр 1,3А Тој рече: „Навистина, но ­бла­же­ни се и оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“
Знакот на Синот Човечки
(Мт 12,38-42)
29 # 7,22; Јона 3,4-5; Мт 16,4; 1 Кор 1,22 А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Ова поколение е лукаво; бара знак, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; 30#Мт 8,20зашто, како што Јона стана знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за ова поколение. 31#2,40.52; 21,15; 3 Цар 3; 5,9-14; 10,1-10; 2 Лет 9,1-12 Јужната царица ќе се крене на Су­дот со луѓето од ова поколение и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон; а ете, тука е поголем од Соломон. 32#3,3; Јона 3,5.8.10И Ниневјаните ќе се кренат на Судот со ова поколение и ќе го осудат, зашто тие се покајаа преку проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
Светило на телото
(Мт 5,15; 6,22-23)
33 # 8,16; Мк 4,21 Никој не става запалено светило на сокриено место, ниту под покло­пец, туку на светилник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. 34Светило на те­лото е окото. Ако твоето око е здраво, и целото твое тело е светло; а ако е лошо, и твоето тело е тем­но; 35затоа внимавај светлината што е во тебе да не е темнина. 36Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде толку светло, како кога светило те осветлува со својот сјај.“
Исус ги обвинува фарисеите и познавачите на Законот
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
37 # 7,36; 14,1 И кога Тој зборуваше, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој влезе и седна на трпеза. 38#Мт 15,2; Мк 7,2.5Фарисејот се зачуди кога виде де­ка Тој не си ги изми рацете пред јадење. 39#Кол 2,21Но Господ му рече: „Ете, вие фари­се­ите ја миете надворешноста на чашата и на чинијата, а внатрешноста ви е полна со гра­беж и лукавство. 40Безумници! Оној што го направи надворешното, не го направи ли и внатрешното? 41#6,30; 12,33; 16,9; 21,1-4; Тов 12,9; Дела 9,36; 10,2.4.31; Тит 1,15Но давајте милостина од она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чис­то. 42#3 Мојс 27,30; 5 Мојс 14,22-23; Мих 6,8; Мт 23,23-24; Јн 5,42Но тешко вам, фарисеи, зашто да­вате десеток од нане и рута и од се­ка­ков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го пропуштате. 43#20,46Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на предни места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите! 44Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како незабележливи гро­бови врз кои луѓето, не знаејќи, поминуваат.“ 45#7,30На тоа некој од закониците Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“ 46#Мт 11,28Но Тој рече: „Тешко и вам, законици, зашто ги товарите лу­ѓе­то со товари што не можат да ги под­несат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари. 47Тешко вам, бидејќи им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци; 48Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, би­деј­ќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници. 49#6,23; 7,35; 1 Кор 1,24; Кол 2,3Затоа и мудроста Божја рече: ’Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги про­гонат‘; 50#1 Мојс 9,5; 42,22; 2 Цар 4,11; 4 Цар 9,7; Ез 33,6.8за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот; 51#1 Мојс 4,8.10; Зах 1,1; 2 Лет 24,20-21од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род. 52#Мт 23,13Тешко вам, законици, заш­то го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да вле­зат им попречивте.“ 53А кога им го зборуваше тоа, книж­ни­ците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни пра­шања; 54#20,20; Мт 16,1Го демнеа, сакајќи да уловат неш­то од Неговата уста за да Го обвинат.

Селектирано:

Лука 11: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

Видео за Лука 11