Лука 10
10
Исус испраќа седумдесетмина ученици
(Мт 9,37-38; 10,7-16; Мк 6,8-11; Лк 9,3-5)
1 #
9,1-2; Мт 10,7-16; Мк 6,7-11 Потоа Господ назначи и други седумдесетмина и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде и Сам сакаше да оди, 2#Ис 41,15-16; Мт 3,12; 9,37-38; Јн 4,35.38и им рече: „Жетвата е голема, а работниците се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници за Својата жетва. 3Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагниња среде волци. 4#4 Цар 4,29Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого по патот не поздравувајте! 5#1,79; 1 Цар 25,6Во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ’Мир на овој дом!‘ 6#Ер 6,12-14Па, ако има таму некој син на мирот, вашиот мир ќе почива на него; а ако, пак, нема, тој ќе се врати во вас; 7#5 Мојс 24,14-15; Мт 10,10; 1 Кор 9,6-18; 2 Кор 11,7-9; 1 Тим 5,18и во таа куќа останете, и јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа. 8#1 Кор 10,27Кога ќе влезете во некој град, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе; 9#11,20; 17,21; Мт 4,17лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ’Се приближи до вас царството Божјо.‘ 10А кога ќе влезете во некој град и не ве примат, излезете по неговите улици и кажете: 11#9,5; Дела 13,51’И правта од вашиот град што се прилепила на нашите нозе, ви ја истресуваме; но знајте го тоа дека се приближи царството Божјо.‘ 12#1 Мојс 19,24; Мт 10,15; Јуда 1,7Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“ 13#Ис 23; Ез 26–28; Амос 1,9-10; Зах 9,2-4; Мт 11,21„Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Сидон се случеа великите дела што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пепел, ќе се беа покајале. 14Но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на Судот, отколку вам. 15#Ис 14,13-15; Мт 4,13И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат. 16#Мт 10,40; 18,5; Јн 5,23; 13,20; 15,23; 1 Сол 4,8Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.“
Седумдесеттемина се враќаат
17 #
Мк 6,30; Дела 3,16 Се вратија, пак, седумдесеттемина со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се покоруваат.“ 18#Ис 14,12; Јн 12,31; Откр 12,8-9А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња! 19#1 Мојс 3,15; Пс 90,13; Мк 16,18Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја непријателска сила; и ништо нема да ви наштети; 20#2 Мојс 32,32; Ис 4,3; Пс 68,28; Дан 12,1; Мт 7,22; Фил 4,3; Откр 3,5; 21,27но не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на небесата.“
Исус се радува
(Мт 11,25-27; 13,16-17)
21 #
4,1; Ис 29,14 Во тој час Исус се зарадува во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си им го открил на децата. Да, Оче, зашто таква беше Твојата волја.“ 22#Мт 28,18; Јн 3,35; 10,15; 13,3Па, откако се сврте кон учениците, рече: „Сѐ Ми е предадено од Мојот Отец; и никој не знае Кој е Синот, освен Отецот; и никој не знае Кој е Отецот, освен Синот, и оној кому Синот сака да му Го открие.“ 23#Мт 5,3И откако се сврте кон учениците, насамо им рече: „Блажени се очите кои го гледаат ова што го гледате вие. 24#Рим 16,24; 1 Птр 1,10-12Зашто ви велам: многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие и не видоа; и да чујат што слушате вие и не чуја.“
Љубовта е пат до вечниот живот
(Мт 22,34-40; Мк 12,28-31)
25 #
3,10; 11,16; 18,18; Мт 16,1; Мк 10,2; Дела 2,37 И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што да направам за да наследам вечен живот?“ 26А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ 27#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 6,5; 10,12; Ис.Н. 22,5; Мт 5,43; 19,19; Рим 13,9; Гал 5,14Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себеси!“ 28#3 Мојс 18,5; Рим 10,5; Гал 3,12Му кажа: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“
Кој е мојот ближен? Парабола за милостивиот Самарјанин
29Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мојот ближен?“ 30Исус му одговори и рече: „Еден човек, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа, го претепаа и си отидоа, оставајќи го полумртов. 31Случајно слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, го одмина. 32Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, го виде и го одмина. 33#9,52Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. 34#2 Лет 28,15И откако пријде, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на својот добиток, го однесе во гостилница и се погрижи за него. 35А утредента, на заминување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ’Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ 36Кој од тие тројца ти се чини дека се покажа како ближен на оној што падна во рацете на разбојниците?“ 37#Мт 7,21А тој рече: „Оној што му покажа милост.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
Исус кај Марија и Марта
38 #
Јн 11,1; 12,2-3 И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом. 39#8,35; 5 Мојс 33,3А таа имаше сестра што се викаше Марија, која седна до Исусовите нозе и го слушаше Неговото слово. 40#8,3; 1 Кор 7,35Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога пријде, Му рече: „Господи, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“ 41А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. 42#12,31; Мт 6,34; Јн 6,27; Дела 6,2Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе.“
Селектирано:
Лука 10: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023