Дела 8
8
Савле ги гони христијаните
1 #
11,19
Савле, пак, го одобруваше неговото убиство. Во тој ден започна голем прогон на црквата во Ерусалим, и сите, освен апостолите, се распрснаа по пределите на Јудеја и Самарија. 2А Стефан го погребаа благочестиви луѓе и многу го оплакуваа. 3#22,4; 26,10-11; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23; Фил 3,6Савле, пак, ја пустошеше црквата, одеше по куќите и извлекуваше мажи и жени, па ги предаваше во затвор. 4Тие што се беа распрснале, сега одеа наоколу благовестејќи го словото.
Божјото Слово во Самарија
5Така Филип слезе во градот Самарија и таму им проповедаше за Христос. 6Народот еднодушно внимаваше на тоа што го зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што тој ги правеше; 7зашто нечисти духови со голем вик излегуваа од опседнатите, и мнозина неподвижни и куци оздравуваа. 8И голема радост настана во тој град. 9#5,36А во градот имаше еден човек по име Симон. Тој правеше магии и со тоа го восхитуваше народот од Самарија, велејќи за себе дека е голем човек. 10Него го слушаа сите, од најмал до најголем, и велеа: „Овој е великата сила Божја.“ 11А го слушаа внимателно, затоа што подолго време ги беше восхитувал со своите магии. 12Но кога му поверуваа на Филип, кој благовестеше за царството Божјо и за името на Исус Христос, почнаа да се крштеваат мажи и жени. 13Тогаш поверува и самиот Симон и, откако се крсти, постојано го придружуваше Филип; и, гледајќи ги чудата и знаците што се извршуваа, се восхитуваше. 14#11,1Кога слушнаа апостолите што беа во Ерусалим дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив Петар и Јован. 15Тие, штом слегоа, се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух. 16Зашто сѐ уште не беше слегол на ниту еден од нив, а само беа крстени во името на Господ Исус. 17#10,44; 11,15Тогаш апостолите положија на нив раце и тие Го примија Светиот Дух. 18А Симон, кога виде дека Светиот Дух се дава со полагање раце од апостолите, им донесе пари, 19и им рече: „Дајте ми ја и мене таа власт, та на кого и да ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!“ 20#4 Цар 5,16; Мт 10,8Но Петар му рече: „Твоето сребро нека загине заедно со тебе, зашто помисли дека Божјиот дар може да се стекне со пари. 21#Пс 77,37Ти немаш дел ниту право на таа работа, бидејќи твоето срце не е право пред Бога. 22#26,18Затоа покај се за оваа зла намера и помоли Му се на Бога за да ти се прости помислата на твоето срце; 23#5 Мојс 29,19; Ис 58,6; Ер 4,18; Изреки 5,22бидејќи гледам дека си исполнет со жолчност и окован во неправда.“ 24А Симон одговори: „Вие помолете Му се за мене на Господ, да не ме стигне ништо од она што рековте.“ 25А тие, откако посведочија и зборуваа за словото Господово, се вратија во Ерусалим, проповедајќи го патем благовестието во многу самарјански села.
Филип и етиопскиот великодостојник
26А ангел Господов му проговори на Филип, велејќи: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, тој пат е пуст.“ 27Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, великодостојник на етиопската царица Кандакија, кој беше чувар на сите нејзини ризници и беше дошол во Ерусалим на поклонение, 28сега се враќаше и, седејќи во својата кола, го читаше пророкот Исаија. 29Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и придружувај ја колата!“ 30Филип притрча, и откако чу дека тој го чита пророкот Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ 31Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него. 32#Ис 53,7-8А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца беше одведен на колење, и како јагне безгласно пред оној што го стрижи, така и Тој не ја отвори Својата уста. 33Во Неговата понизност Тој беше лишен од праведен суд. А Неговиот род кој ќе го опише? Зашто Неговиот живот се одзема од земјата.“ 34Тогаш евнухот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого пророкот го зборува ова, за себе или за некој друг?“ 35#Лк 24,27А Филип ја отвори својата уста и почнувајќи од тоа место во Писмото, му благовестеше за Исус. 36#10,47; 11,17И одејќи така по патот, тие стигнаа до една вода; и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?“ 37А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Синот Божји.“ 38И заповеда колата да запре, па слегоа во водата двајцата – и Филип и евнухот, и го крсти. 39А кога излегоа од водата, Дух Господов го грабна Филип, па евнухот веќе не го виде и радосно го продолжи својот пат. 40А Филип се најде во Азот; па тргна да го проповеда благовестието по сите градови, додека не стигна во Кесарија.
Селектирано:
Дела 8: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023