Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 7

7
Беседата на Стефан
1Тогаш првосвештеникот рече: „Точно ли е тоа?“ 2#Пс 28,3А тој одговори: „Луѓе, браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се насели во Харан, 3#1 Мојс 12,1; 12,5и му рече: ’Излези од твојата земја и од твојот род, па дојди во земјата што ќе ти ја покажам.‘ 4Тогаш тој излезе од Хал­деј­ската земја и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресе­ли во оваа земја, во која вие сега живеете. 5#1 Мојс 12,7; 13,15; 15,18; 17,8; 24,7; 48,4И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде нему и на неговото потомство во посед, иако тој уште немаше дете. 6#1 Мојс 15,13-14; 2 Мојс 3,12И му рече Бог вака: ’Твоите потомци ќе бидат преселени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години. 7Но Jас‘, рече Бог ’ќе му судам на оној народ, кому ќе му робуваат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то‘. 8#1 Мојс 17,16-27; 21,4И му го даде како завет обрезанието. Потоа од Авраам се роди Исак и тој го обреза во осмиот ден; од Исак се роди Јаков, од Јаков, пак, дванаесетте патри­јар­си. 9#1 Мојс 37,11.28; 39,2.3.21.23Патријарсите му завидуваа на Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него, 10#1 Мојс 41,37-39и го избави од сите маки и му подари благодат и мудрост пред фа­раонот, египетскиот цар, кој го постави за началник над Египет и над целиот свој дом. 11#1 Мојс 41,54; 42,5Тогаш настана глад и голема мака по целата египетска и хананска земја, и нашите татковци не наоѓаа храна. 12#1 Мојс 42,1-2А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, најпрво таму ги прати нашите тат­ковци. 13#1 Мојс 45,3-4; 45,16И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го за­позна родот на Јосиф. 14#1 Мојс 45,9-11; 45,18-19; 46,27Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и целиот негов род – седумдесет и пет души. 15#1 Мојс 49,33И така Јаков слезе во Египет, и та­му умреа тој и нашите татковци; 16и ги пренесоа во Сихем, и ги по­ло­жија во гробот, што во Сихем Авраам го беше купил за сребро од синовите на Емор. 17Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето, 18#2 Мојс 1,8сѐ додека во Египет не завладеа друг цар, кој не го познаваше Јосиф. 19#2 Мојс 1,10-11.22Тој лукаво постапи со нашиот на­род, ги мачеше нашите татковци, при­силувајќи ги да ги оставаат своите новороденчиња за да не преживеат. 20#2 Мојс 2,2; Евр 11,23Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше мил на Бога и три месеци беше хранет во куќата на својот татко. 21#2 Мојс 2,3-10А кога беше оставен, него го приб­ра фараоновата ќерка и го одгледа ка­ко свој син. 22И Мојсеј ја научи целата египетска мудрост и беше силен во зборови и во дела. 23А кога навршуваше четириесет го­дини, му дојде при срце да ги посети своите браќа, Израилевите синови. 24#2 Мојс 2,11-12И кога виде дека еден од нив беше онеправдан, го заштити и се одмазди за измачуваниот, убивајќи го Египќанецот. 25Тој мислеше дека неговите браќа ќе согледаат дека Бог преку неговата рака им дава спасение, но тие не сфатија. 26#2 Мојс 2,13А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и сакајќи да ги помири, рече: ’Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘ 27#Лк 12,14Но оној што го онеправдуваше својот ближен, го оттурна од себе и му рече: ’Кој те поставил тебе да бидеш началник и судија над нас? 28#2 Мојс 2,14Да не сакаш и мене да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘ 29#2 Мојс 2,15Поради тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во Мадијамската земја, каде што му се родија два сина. 30#2 Мојс 3,1-2И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен на една капина. 31#2 Мојс 3,4Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, дојде до него гласот Господов: 32#2 Мојс 3,6’Јас сум Бог на твоите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јако­вов.‘ Мојсеј се растрепери и не смееше да погледа. 33#2 Мојс 3,5А Господ му рече: ’Собуј си ги обув­ките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја! 34#2 Мојс 3,7.8.10Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега дојди да те пратам во Египет!‘ 35#2 Мојс 2,14Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ’Кој те поставил тебе за началник и судија‘, него Бог преку раката на ангелот, кој му се јави во капината, го прати за начал­ник и избавител. 36#2 Мојс 7,3; 14,21; 4 Мојс 14,33Тој ги изведе, правејќи чуда и зна­ци во египетската земја и во Црвеното Море и во пустината во тек на четири­есет години. 37#3,22; 5 Мојс 18,15Тоа е истиот Мојсеј што им беше ре­кол на Израилевите синови: ’Господ, вашиот Бог, од вашите браќата ќе ви из­дигне Пророк како мене. Него пос­лу­шајте Го!‘. 38#2 Мојс 19,1-6; 20,1-17; Рим 10,5; Евр 2,2Тоа е оној што на собирот во пусти­на­та беше со ан­гелот кој му зборуваше на Синајската планина, како и со нашите татков­ци; тој прими животворни зборови за да ни ги предаде нам, 39#7,53; 4 Мојс 14,3и нему нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија и со своите срца се свртеа кон Египет, 40#2 Мојс 32,1.32велејќи му на Арон: ’Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на овој Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘ 41#2 Мојс 32,4-6И во оние денови си направија лик на те­ле, и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце. 42#Амос 5,25-27#Ер 7,18; 8,2; 19,13Затоа Бог се одврати од нив и ги предаде да му служат на небесното воинство, како што е напишано во книгата на пророците: ’Доме Израилев, Ми прине­совте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пус­тината? 43Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, кипови што ги направивте вие за да им се поклонувате: и затоа ќе ве преселам отаде Вавилон.‘ 44#2 Мојс 25,9.40; Евр 8,5Скинијата на сведоштвото беше со нашите татковци во пустината, како што бе­ше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел. 45#Ис.Н. 3,14-17; 23,9; 24,18Неа нашите татковци ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, кои Бог ги изгони пред лицето на нашите татковци; и така беше сѐ до времето на Давид, 46#Пс 131,5кој најде благодат пред Бога и посака да најде живеалиште за Јакововиот Бог. 47#2 Цар 7,12-16; 3 Цар 6,1.14А Соломон Му изгради дом. 48#17,24; Мк 14,58; Евр 9,11.24Но Севишниот не живее во ракот­во­рени храмови, како што вели пророкот; 49#Ис 66,1-2’Небото е Мојот престол, а земјата Ми е подножје. Каков дом ќе Ми изградите, вели Господ, или кое мес­то е за Мојата почивка? 50Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘ 51#2 Мојс 33,3.5; 3 Мојс 26,41; 5 Мојс 9,13; Ис 63,10; Ер 4,4; 6,10; 2 Лет 30,7-8Тврдоглави и необрезани во срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како вашите татковци, така и вие. 52#2 Лет 36,16; Мт 23,34-35; 1 Сол 2,15-16Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Пра­вед­ни­от, чии предавници и убијци сега станавте и вие, 53#Гал 3,19; Евр 2,2вие, што го примивте Законот пре­ку ангелско служење, а не го одржавте.“
Каменувањето на Стефан
54Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа на него. 55А Стефан, исполнет со Светиот Дух, погледна кон небото, ја виде Божјата слава и Исус како стои оддесно на Бога, 56#Дан 7,13и рече: „Еве, ги гледам небесата от­ворени и Синот Човечки како стои оддесно на Бога.“ 57Но тие извикаа со висок глас, ги затворија своите уши и еднодушно се нафрлија на него. 58#5 Мојс 17,7; Лк 4,29И откако го изведоа надвор од гра­дот, го каменуваа; а сведоците ги оставија своите облеки пред нозете на едно момче, по име Сав­ле. 59#Лк 23,46; Пс 30,5И додека фрлаа камења врз Сте­фан, тој се молеше и велеше: „Гос­по­ди Исусе, прими го мојот дух!“ 60Па падна на колена, извика со силен глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, по­чи­на.

Селектирано:

Дела 7: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се