Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 5

5
1А еден човек, по име Ананија, за­едно со својата жена Сапфира, продаде имот 2и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на својата жена, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите. 3#Лк 22,3А Петар рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? 4Додека не беше продадена, зар не беше твоја? И откако ја продаде, зар парите не беа во твоја власт? Зошто си стави во своето срце таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“ 5#2,43; 5,11Кога Ананија ги слушна тие збо­ро­ви, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушнаа тоа. 6Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа. 7А кога поминаа околу три часа, вле­зе и неговата жена, не знаејќи што се случило. 8И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“ 9#15,10Потоа Петар ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“ 10И таа веднаш падна пред неговите нозе и издивна. А кога момчињата влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја пог­ребаа до нејзиниот маж. 11И голем страв ја обзеде целата Црк­ва и сите што го слушнаа тоа.
Многубројни чуда
12Преку рацете на апостолите се случуваа многу знаци и чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем. 13Од останатите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше. 14И мнош­твото на мажи и жени што веруваа во Господ сѐ повеќе се зголемуваше, 15#Лк 6,19така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постели и носила, та кога ќе помине Петар, барем неговата сен­ка да осени некого од нив. 16А во Ерусалим доаѓаа и многумина од околните градови, донесувајќи бол­ни и мачени од нечисти духови, и сите беа излечени.
Затворањето на апостолите и нивното чудесно избавување
17Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и, исполнети со завист, 18ги ставија своите раце на апосто­ли­те и ги фрлија во јавниот затвор. 19Но во текот на ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече: 20#3,15; 11,18; 13,46-48„Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“ 21#4,2Штом го слушнаа тоа, тие уште од утрото влегоа во храмот и поучува. А кога дојде првосвештеникот, и оние што беа со него, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија луѓе во зат­ворот за да ги доведат апостолите. 22Но кога поданиците отидоа, не ги најдоа во затворот, па, штом се вратија, изјавија, 23велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред вратата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“ 24Штом ги слушнаа овие зборови, свештеникот, заповедникот на храмот и првосвештениците се збунија од нив, размислувајќи што би тре­ба­ло да значи тоа. 25Но некој дојде и им објави: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“ 26Тогаш заповедникот на храмот отиде заедно со поданиците и ги доведе, но не на сила, зашто се плашеа од народот, да не ги убијат со ка­мења нив самите. 27А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот. И првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече: 28#4,18„Зарем не ви забранивме строго да поучувате во тоа име? А ете, вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној Човек да ја фрлите на нас.“ 29#4,19А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето. 30#10,39; 13,29-30Бог на нашите татковци Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на дрво. 31Него Бог со Својата десница го воздигна за Началник и Спасител, за да му даде на Израил покајание и простување на гре­вовите. 32#15,28За тие Негови зборови сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“ 33Кога го слушнаа тоа, тие се разлу­ти­ја и се договараа да ги убијат. 34Но, тогаш во Синедрионот стана еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор, 35а ним им рече: „Луѓе Израилци, внимавајте добро што ќе правите со овие луѓе! 36#8,9Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е голем човек, и му се придружија околу четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му се потчинија, се разотидоа и исчезнаа. 37По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што му се покоруваа се растурија. 38И сега ви велам – отстапете од овие луѓе и оставете ги; зашто, ако ова е замисла или дело на луѓе, ќе се разруши; 39#2 Мак 7,19; Лк 20,4а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не ста­нете богоборци!“ 40Тие го пос­лу­шаа, и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија. 41А тие излегоа од Синедрионот ра­досни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Исус. 42#21,13; 3 Јн 1,7И ниту еден ден не престануваа да поучуваат во храмот и по куќите и да бла­го­вестат за Исус Христос.

Селектирано:

Дела 5: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се