Дела 4
4
Петар и Јован пред Синедрионот
1 #
5,24
И додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, заповедникот на храмовата стража и садукеите, 2#16,20; 23,6-8; Лк 20,27-39; 1 Кор 15,20-23; Кол 1,18огорчени што тие го поучуваат народот и возвестуваат воскресение на мртвите во името на Исус; 3#5,26и ги фатија и ги задржаа под стража до утрината; зашто веќе се беше завечерило. 4А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади. 5#5,21; Лк 22,66Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, 6#Лк 3,2; Јн 18,3.24.28првосвештеникот Ана и Кајафа, Јован, Александар и сите што му припаѓаа на првосвештеничкиот род. 7#Лк 20,2Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква сила и во чие име го направивте ова?“ 8#13,9; Лк 12,11-12Тогаш Петар, исполнет со Светиот Дух, им рече: „Началници народни и старешини израилски, 9ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за тоа како тој е излекуван, 10#2,22-24; 3,16; 5,30; 13,28-30тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот израилски народ, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите. 11#Пс 117,22; Лк 20,17; Рим 9,33; 10,11; 1 Птр 2,4.7Тој е каменот што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник; 12и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“ 13#2 Кор 11,6А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и разбирајќи дека тоа се неуки и прости луѓе, тие се чудеа; а и ги препознаа дека беа со Исус. 14Но, гледајќи го излечениот човек кој стоеше со нив, тие немаа како да им противречат. 15Па откако им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, се советува помеѓу себе, 16#Јн 11,47велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто на сите што живеат во Ерусалим им е познато дека големо чудо се случи преку нив, и ние не можеме тоа да го одречеме. 17Но за повеќе да не се разгласува ова меѓу народот, строго да ги заплашиме веќе никому да не зборуваат во тоа име.“ 18#5,28И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во името на Исус. 19#5,29Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Расудете дали е справедливо пред Бога повеќе да ве слушаме вас отколку Бога; 20зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“ 21#Лк 19,48А тие, откако одново ги заплашија, ги пуштија, бидејќи не најдоа начин за да ги казнат, поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило. 22Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години.
Молитва на верниците
23И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и ги известија што им рекоа првосвештениците и старешините. 24#2 Мојс 20,11; 4 Цар 19,15; Ис 36,16; Пс 145,6; Неем 9,6А овие, откако слушнаа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Владико, Ти си Бог Кој ги создал небото и земјата, и морето и сѐ што е во нив; 25#Пс 2,1-2и Кој преку Светиот Дух и преку устата на нашиот татко Давид, Твојот слуга, си рекол: ’Зошто беснеат многубошците и народите намислуваат празни работи? 26Се кренаа земните цареви и кнезовите се собраа заедно против Господ и против Неговиот Помазаник#4,26 Во грчкиот текст: Христос.‘. 27#Лк 23,12.23Бидејќи навистина, во тој град се здружија Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со израилскиот народ против Твојот Свет Син Исус, Кого Ти си Го помазал, 28#2,23; 13,27-29; Лк 24,26за да го направат она што Твојата рака и Твојата волја го беа предопределиле да се случи. 29И сега, Господи, погледни на нивните заплашувања и дај им на Своите слуги со полна смелост да го проповедаат Твоето слово, 30пружи ја Твојата рака за исцеление, и за да се случуваат знаци и чуда во името на Твојот Свет Син Исус.“ 31#2,1-4; 10,44-46И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Светиот Дух и смело го проповедаа словото Божјо.
Верниците меѓусебно го споделуваат својот имот
32 #
2,42-44
А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко. 33Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус и имаше голема благодат над сите нив. 34Ниеден меѓу нив не беше лишен од нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа 35#2,44-45и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби. 36Така Јосиј, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар, 37кој имаше нива, ја продаде, ги донесе парите и ги положи пред нозете на апостолите.
Селектирано:
Дела 4: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023