Дела 3
3
Оздравување пред портата на храмот
1 #
10,3.9.30 Еден ден Петар и Јован отидоа во храмот во деветтиот час#3,1 Околу 15 часот., часот за молитва. 2Таму имаше еден човек, куц уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред вратата на храмот наречена Прекрасна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот. 3Кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, тој запроси милостина и од нив. 4#14,8-9А Петар, заедно со Јован, го впери погледот во него и му рече: „Погледни нѐ!“ 5И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив. 6#4,10; 16,18; 19,13Но Петар рече: „Јас немам сребро и злато, но тоа што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет стани и оди!“ 7И фаќајќи го за десната рака, го исправи, а нему во истиот миг му се зацврснаа стапалата и глуждовите. 8#14,10И потскокнувајќи, се исправи и почна да оди, и влезе во храмот заедно со нив, одејќи, скокајќи и фалејќи Го Бога. 9И сиот народ го гледаше како оди и како Го фали Бога. 10#Лк 4,36; Лк 5,9Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што поради милостина седеше пред Прекрасната порта на храмот; и се зачудија и се исполнија со восхит за она што се случи со него.
Беседата на Петар во храмот
11 #
5,12; Јн 10,23 И бидејќи оздравениот куц човек цврсто се држеше за Петар и Јован, сиот народ вчудовиден дотрча кон нив во тремот, наречен Соломонов. 12#10,26; 14,15А Петар, штом го виде тоа, му се обрати на народот: „Луѓе Израилци, што се чудите на ова, и што сте се загледале во нас, како со своја сила или благочестие да направивме овој да прооди? 13#2,23; 3,15; 13,28; 2 Мојс 3,6; Лк 23,13; 23,20-25Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на нашите татковци Го прослави Својот Син Исус, Кого вие Го предадовте и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти. 14Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец, 15#2,24; 2,32; 3,26; 13,32; 17,31а Го убивте Началникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што ние сме сведоци. 16#3,7И поради верата во Неговото име, го утврди овој кого вие го гледате и познавате; и верата што доаѓа преку Него му даде нему исцеление пред сите вас. 17#13,28; 17,30; 1 Тим 1,13А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници. 18#Лк 24,27; 1 Кор 15,3Но, Бог, она што однапред го навести преку устата на сите Свои пророци, односно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни. 19#2,38; 10,43; 13,38; 26,18Затоа покајте се и преобратете се, за да се очистите од вашите гревови, 20#5,31за да дојдат од лицето на Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати претходно определениот за вас Христос Исус, 21#Мт 19,28; Лк 1,70Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог од памтивек преку устата на сите Свои пророци. 22#7,37; 5 Мојс 18,15; Лк 9,35Зашто Мојсеј им беше рекол на татковците: ’Господ вашиот Бог од вашите браќа ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘ 23#3 Мојс 23,29; 5 Мојс 18,19И секој што нема да Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот. 24#10,43; 13,26; Евр 11,32И сите пророци, од Самоил и по него, кога зборуваа, исто така ги навестуваа и овие денови. 25#7,8; 1 Мојс 12,3; 18,18; 22,18; 26,4; Рим 9,4-5; Гал 3,8Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го склучи со вашите татковци, велејќи му на Авраам: ’Во твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата.‘ 26#3,20; 1 Птр 3,9Бог, откако Го воздигна Својот Син, најнапред вам ви Го прати за да ве благослови, та секој од вас да се одврати од своите зли дела.“
Селектирано:
Дела 3: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023