Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 13

13
Савле и Варнава избрани за мисионерско патување
1 # 4,36; 11,25-26 Во Антиохиската црква имаше некои пророци и учители: Вар­нава, Симеон, наречен Нигер, Луциј Киринеецот и Манаин, кој беше растен заедно со четворовласникот Ирод, и Савле. 2#14,26Еднаш кога Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савле за делото, за кое ги повикав!“ 3Тогаш тие, откако постеа и се по­мо­лија, положија раце над нив и ги испратија.
Варнава и Савле во Кипар
4 # 11,20 И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа во Селевкија, и оттаму от­пловија за Кипар. 5#12,12И кога стигнаа во Саламин, тие го проповедаа словото Божјо во јудејските синагоги, а го имаа со себе и Јован како помошник. 6#8,9; Мт 7,15А кога го поминаа островот сѐ до Пафос, наидоа на еден маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Ва­ри­сус, 7кој беше со проконзулот Сергиј Пав­ле, умен човек. Тој ги повика Варнава и Савле, и посака да го слушне словото Божјо. 8Но им се спротивстави ма­ѓесникот Елима – така, всушност, се преведува неговото име – настојувајќи да го одврати проконзулот од верата. 9#4,8Но Савле, наречен и Павле, исполнет со Светиот Дух, го впери погледот во не­го, 10#8,20-23; Ос 14,10; Изреки 10,9и рече: „О, ти кој си полн со секакво лукавство и секаква злоба, сине ѓаволски, не­пријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта? 11#5 Мојс 28,29И еве сега, Господовата рака е врз тебе; ќе бидеш слеп и за некое време нема да го гледаш сонцето!“ И наеднаш над него падна мрак и темнина, и лутајќи, бараше некој да го води за рака. 12Тогаш проконзулот, откако виде што се случи, поверува, восхитен од Господовото учење.
Павле и Варнава во Антиохија Писидиска
13 # 15,38 Павле и неговите придружници от­пловија од Пафос и пристигнаа во Пер­гија Памфилиска. Тука Јован се одвои од нив и се врати во Ерусалим. 14А тие тргнаа од Пергија и пристигнаа во Антиохија Писидиска и во еден саботен ден влегоа во синагогата и седнаа. 15По читањето на Законот и на Про­роците, старешините на синагогата пра­тија луѓе да им кажат: „Луѓе, браќа, ако имате збор за утеха на народот, зборувајте!“ 16Тогаш Павле стана, мавна со ра­ката и рече: „Луѓе Израилци, и вие, што имате стравопочит кон Бога, пос­лу­шај­те! 17#2 Мојс 6,1-6Бог на овој народ ги избра нашите татковци и го подигна овој на­род кога тие престојуваа во еги­петската земја, и со подигната рака ги из­ве­де од неа; 18#2 Мојс 16,35; 5 Мојс 1,31и околу четириесет години ги хранеше во пустината; 19#5 Мојс 7,1а потоа откако уништи седум народи во хананската земја, им ја раздели земјата во нивно наследство. 20Потоа, околу четиристотини педесет години им даваше судии до пророкот Самоил. 21А потоа бараа цар, и Бог им го даде Саул, синот на Кис, човек од Вени­ја­миновото колено, за четириесет години. 22#1 Цар 13,14; Ис 44,28; Пс 88,20Кога го отстрани него, за цар им го подигна Давид, за кого и рече, све­до­чеј­ќи: ’Најдов човек што Ми е при срце, Давид, синот на Јесеј. Тој ќе ги исполни сите Мои барања.‘ 23#2,29-30Од неговото потомство Бог, според ветувањето, издигна за Израил Спасение. 24#Мал 3,1; Лк 1,76Пред Неговото доаѓање, Јован како предгласник му проповедаше на сиот израилски народ покајно крштевање. 25#Лк 3,15-16; Јн 1,20.27А кога Јован го завршуваше своето дело, прашуваше: ’За кого ме сметате? Јас не сум Тој, но, ете, по мене иде Оној, Кому не сум достоен да Му ги од­врзам ни обувките на Неговите нозе.‘ 26Луѓе, браќа, синови од родот на Авраам, оние меѓу вас, што имаат страво­почит кон Бога, вам ви е испратено словото за ова спасение. 27#2,23; 3,18Зашто жителите на Ерусалим и нивните началници, бидејќи не Го препознаа, ги потврдија пророчките збо­ро­ви, што се читаат секоја сабота, со тоа што Го осудија. 28#3,13-14; Лк 23,4.22И така, иако не најдоа никаква вина за осуда на смрт, тие настојуваа пред Пилат да Го убие. 29А кога го извршија сето тоа, што беше напишано за Него, Го симнаа од дрвото и Го положија в гроб. 30#5,30Но Бог Го воскресна од мртвите. 31#1,3.22А Тој во текот на многу денови им се јавуваше на оние, што беа дошле со Него од Галилеја во Ерусалим и кои сега се Негови сведоци пред народот. 32И ние ви благовестиме дека ветувањето, дадено на нашите татковци, Бог го исполни на нас, нивните чеда, воскреснувајќи Го Исус. 33#2,39; Пс 2,7Како што е во вториот псалм на­пи­шано: ’Ти си Мој Син, Јас денес Те родив.‘ 34#Ис 55,3А дека Го воскресна од мртвите, и дека веќе нема да се враќа во рас­па­ѓа­ње, рекол вака: ’Ќе ви ги исполнам светите ветувања дадени на Давид, кои се вистински.‘ 35#2,27.31; Пс 15,10За тоа и на друго место зборува: ’Нема да допуштиш Светиот Твој да види распаѓање.‘ 36#3 Цар 2,10 Давид, пак, откако му слу­жеше на својот род, според волјата Божја, се упокои и се присоедини кон татковците и виде распаѓање; 37но Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање. 38И така, знајте, мажи и браќа дека преку Него вам ви се проповеда простување на гревовите; 39#15,10и дека секој кој верува, пре­ку Него се оправдува од сѐ, од што не сте можеле да се оправдате преку Мојсеевиот Закон. 40Затоа внимавајте да не дојде на вас она што е речено во пророците: 41#Авак 1,5’Погледнете вие кои презирате, за­чудете се и исчезнете! Зашто во ваше време ќе извршам дело, во кое немаше да поверувате, ако некој би ви го рас­ка­жал.‘“ 42А кога излегуваа од сина­го­гата на Јудејците, незнабошците ги помолија овие зборови да им се проповедаат и во следната сабота. 43#11,23; 14,22.26И кога се распушти собирот, мнози­на Јудејци и благочестиви прозелити појдоа по Павле и Варнава. Тие разговараа со нив и ги убедуваа да останат во Бож­ја­та благодат.
Павле и Варнава се обраќаат кон незнабошците
44Следната сабота речиси целиот град се собра да го слушне словото Божјо. 45#5,17; 17,5Но Јудејците, кога видоа многу на­род, се исполнија со завист и му против­речеа на она што го зборуваше Павле и хулеа. 46#18,6; 28,28Тогаш Павле и Варнава им рекоа отворено: „словото Божјо требаше нај­нап­ред вам да ви се проповеда, но кога вие го отфрлате и се сметате себеси недостојни за вечниот живот, еве, ние се обраќаме кон незнабош­ците. 47#1,8; Ис 49,6Зашто Господ така ни заповеда: ’Те поставив за светлина на незнабошците, да бидеш за спасение до крајот на земјата.‘“ 48#17,4.12Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа сите, кои беа определени за вечен живот. 49И Господовото слово се распространуваше по целиот крај. 50#22,23Но Јудејците, откако ги наговорија благочестивите и угледни жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај. 51#18,6; Лк 9,5; 10,11Тие, го истресоа правот од своите нозе на нив, и дојдоа во Иконија. 52А учениците се исполнија со радост и со Светиот Дух.

Селектирано:

Дела 13: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се