Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 12

12
Смртта на Јаков; Петар в затвор
1Во тоа време цар Ирод почна да прогонува некои од Црквата, за да им нанесе зло. 2Со меч го уби Јаков, братот на Јо­ва­н. 3А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници. 4#Лк 22,1Кога го фати него, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по чети­ри војници да го пазат, со намера веднаш по Пасха да го изведе пред народот. 5#Јудита 4,9; Лк 22,44-46; Јк 5,16И така, додека Петар го пазеа во затворот, црквата непрестајно Му се молеше на Бога за него. 6Ноќта, спроти денот кога Ирод са­каше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два синџира, а стражарите пред портата го чуваа затворот. 7#5,18-24; 9,3; 10,3; Лк 2,9И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во ќелијата. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го раз­буди, па му рече: „Стани брзо!“ И око­вите му паднаа од рацете. 8Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги сандалите!“ Така и на­пра­ви. Па му рече: „Облечи ги своите алиш­та­ и дојди по мене!“ 9И излезе и тргна по него, а не зна­еше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека има видение. 10#5,19; 16,26Откако ги изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку ед­на улица, и во тој час ангелот си отиде од него. 11Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете на Ирод и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.“ 12Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа. 13А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да нас­лушне. 14И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори капијата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред капијата. 15#Мт 18,10А тие ѝ рекоа: „Ти си луда!“ Но таа настојуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа сигурно е неговиот ангел.“ 16Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу. 17#13,16; 15,13; 1 Кор 15,7Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете им за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа из­ле­зе и отиде на друго место. 18#5,21-23Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар. 19#16,27А Ирод, кога го побара и не успеа да го пронајде, ги ис­пита стражарите и заповеда да ги погубат, па слезе од Јудеја во Кеса­рија, и таму се задржа.
Смртта на Ирод
20Ирод беше гневен на Тирците и Си­донците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна царевиот собар Власт, побараа мир. 21Во договорениот ден Ирод се облече во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот. 22#14,15; 28,6А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“ 23#1 Цар 25,38; 2 Цар 24,16-17; 4 Цар 19,35Но ненадејно во истиот миг го порази ангел Господов, зашто не Му воздаде слава на Бога и изеден од цр­ви, тој умре. 24#6,7; 19,20А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше. 25#11,29Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, се вратија од Ерусалим, а со себе го зедоа и Јован, наречен Марко.

Селектирано:

Дела 12: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се