Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 8

8
Седум труби
1И кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото, околу половина час. 2И ги видов седумте ангели, кои стоеја пред Бога. И им беа дадени седум труби. 3И дојде друг ангел, со златна кадилница, и застана при жртвеникот; и му беше даден многу темјан, за да го додаде со молитвите на сите свети, врз златниот жртвеник пред престолот. 4И се издигна пред Бога, од ангеловата рака, темјановиот дим со молитвите на светите. 5И ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со оган од жртвеникот и ја фрли на земјата; и настанаа громови и гласови и молњи и земјотрес.
6А седумте ангели, кои имаа седум труби, се подготвија да затрубат. 7И првиот затруби, и настана град и оган, помешани со крв, и тоа беше фрлено на земјата; и изгоре третина од земјата; и изгоре третина од дрвјата; и изгоре сета зелена трева.
8И вториот ангел затруби: и како голема гора, пламната со оган, беше фрлена во морето: и третината од морето стана крв, 9и изумре третина од живите суштества во морето и пропадна една третина од бродовите.
10И третиот ангел затруби: од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило и падна врз третината од реките и на водните извори. 11А името на ѕвездата е Пелин. И третината од водите стана пелин и многу луѓе изумреа од водите, бидејќи беа загорчени.
12И четвртиот ангел затруби: и беше удрена третината од сонцето и третината од месечината и третината од ѕвездите, за да потемнее третиот дел од нив, и третиот дел од денот да не свети, а исто така и од ноќта.
Прво зло
13И видов и чув еден орел како лета посреде небото, велејќи со силен глас: „Тешко, тешко, тешко им на оние, кои живеат на земјата, заради другите трубни гласови на тројцата ангели, кои ќе затрубат.“

Селектирано:

ОТКРОВЕНИЕ 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се