Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 87

87
Слава на Божји Свет Град
За Корееви синови. Псалм. Песна.
1Неговите основи се на светите гори. Господ ги љуби 2Сионските Врати повеќе отколку сите Јаковови шатори. 3Убавини се зборуваат за тебе, Божји граде! 4„Ќе ги вбројам Раав (Египет) и Вавилон, меѓу оние што ме почитуваат; ете, Филистеј и Тир и етиопскиот народ - и тие се родени таму.“ 5За Сион се зборува: „Овој и оној е роден во него; Сѐвишниот го утврдува!“ 6Господ ќе запише во книгата на народите: „Овие се родени таму.“ 7И ќе пеат играјќи коло: „Сите мои извори се во Тебе!“

Селектирано:

ПСАЛМИ 87: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се