Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 86

86
Молитва за избавување во ден на тага
1. Молитва за помош
Давидова молитва.
1Господи, приклони го Своето уво и услиши ме, зашто сум беден и немоќен. 2Чувај ја мојата душа, зашто сум Ти посветен на Тебе; спаси го Твојот слуга, што се надева на Тебе! 3Ти мој Боже, о Господи, смилувај ми се, зашто постојано викам кон Тебе. 4Развесели ја душата на Својот слуга, зашто кон Тебе, Господи, ја издигам својата душа. 5Зашто Ти си, Господи, добар и проштаваш со задоволство, полн си со љубов кон сите, кои Те повикуваат. 6Чуј ја, Господи, мојата молитва, и внимавај на гласот на мојот повик. 7Во ден на неволја Те призовувам Тебе, зашто ќе ме послушаш.
2. Поклонување пред Бога
8Ти нема рамен меѓу боговите, Господи, нема дела какви што се Твоите. 9Сите народи, што ги создаде, ќе дојдат и ќе Ти се поклонуваат о Господи, и ќе го прославуваат Твоето име. 10Зашто Ти си величествен и правиш чудеса: Ти си Единствен Бог.
3. Молитва и благодарност
11Научи ме на Својот пат, Господи, за да одам верен кон Тебе, обедини го моето срце, да се бои од Твоето име! 12Ќе Те фалам Господи, мој Боже, со сето свое срце, ќе го славам Твоето име довека. 13Зашто е изобилна Твојата љубов кон мене, ја истрга мојата душа од длабочините на Подземјето.
4. Увереност во Божјо милосрдие
14О Боже, гордите се кренаа против мене, многу силници го дебнат мојот живот, и Те немаат Тебе пред очите. 15Но Ти си, Господи Боже, милостив и благ, спор на гнев, обилен во љубов и вистина. 16Погледај на мене и смилувај ми се; дај му ја Твојата сила на Твојот слуга и спаси го синот на Твојата слугинка! 17Дај ми милостиво знак на Твојата наклоност, за да видат моите мразители и да се засрамат, зашто Ти ми помогна, Господи, Ти ме утеши.

Селектирано:

ПСАЛМИ 86: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се