Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 76

76
Божја победа
За началник на пејачи. На жичани свиралки. Асафов псалм. Песна.
1Бог е познат во Јудеја, Неговото име е величествено во Израел! 2Неговото живеалиште е во Салим, а престојувалиштето на Сион. 3Тој ги искрши таму: огнените стрели на лаковите, штитовите, мечевите, и оружјето бојно.
4Блескав си од светлина, повеличествен од древните планини. 5Ограбени се оние што имаа тврдо срце, и го сонуваат својот сон - им онемоштија рацете на сите храбри. 6Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија колите и коњите. 7Ти си страшен, и кој може да опстане пред жестокоста на Твојот гнев?
8Ја изрече пресудата од небото, земјата се стресе и занеме од страв; 9кога Бог стана да суди, да ги спаси кротките на земјата. 10Зашто ќе Те прославува и бесот на човекот и со остатокот на бесот Ти се завиткуваш.
11Заветувајте се и исполнувајте ги заветите на Господа, вашиот Бог; сите, околу Него, нека му донесуваат дарови на Достојнопочитуваниот. 12Кој ја зауздува гордоста на кнезовите, Кој е страшен за царевите на земјата.

Селектирано:

ПСАЛМИ 76: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се