Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 72

72
Цар Месија во Своја слава
За Соломон. (Давидов псалм).
1Боже, дај му го Твоето правосудство на царот и Твојата правда на царскиот син. 2За да му суди праведно на Твојот народ, на бедните според праведноста! 3Нека планините му донесат мир на народот, а брежињата правда. 4Ќе им суди право на угнетуваните, ќе им донесе спасение на децата на бедните, а насилниците ќе ги сотре.
2. Царство од род во род
5Нека се бојат од Тебе, додека трае сонцето, и месечината, низ сите поколенија. 6Ќе слезе како роса врз тревата, како дожд што ја напојува земјата! 7Во Негово време ќе цветаат правдата и големиот мир - сѐ додека постои месечината.
3. Владеење до краишта на земја
8И Тој ќе владее од море до море, и од Реката (Еуфрат) до границите на светот. 9Оние што живеат во пустината, ќе клекнат пред него, и противниците ќе го лижат правот. 10Царевите на Тарсис и на островите ќе Му донесуваат подароци, владетелите на Арабија и на Сева ќе Му донесуваат данок. 11Сите владетели ќе Му се поклонуваат, сите народи ќе Му служат.
4. Милостивост
12Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник; 13ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: 14Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи.
5. Негово Име ќе биде благословено довека
15Затоа нека живее! Нека Го даруваат со злато од Арабија, нека се молат за Него секогаш и нека Го благословуваат преку цел ден!
16Нека има изобилство на жито во земјата, класјето по врвовите нека шуми како кедровите Либански! И нека цветаат градските жители како трева на ливадата. 17Неговото име нека е благословено довека! Неговото име се зголемува. Додека сонцето трае, со Него ќе бидат благословувани сите племиња на земјата, сите народи ќе го наречуваат блажен!
6. Благослов
18Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, Кој единствен твори чудеса! 19И благословено да е Неговото славно име довека! Нека се исполни целата земја со Неговата слава! Така нека биде. Амин!
20Со тоа завршуваат молитвите на Јесеевиот син Давид.

Селектирано:

ПСАЛМИ 72: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се