Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 71

71
Молитва на старост
1. Молитва за помош
1Господи, на Тебе се надевам, не оставај, никогаш да се засрамам! 2Избави ме во Својата правда и спаси ме; наведни го увото и спаси ме! 3Биди ми закрила на засолниште и цврста тврдина на спасението зашто Ти Си моја стена и тврдина. 4Боже мој, истргај ме од рацете на злотворот, од рацете на силникот и угнетувачот: 5зашто, Ти Си, Господи, моја надеж, Господи, надеж од мојата младост! 6На Тебе се потпирам од раѓањето; Ти Си ми заштитник од мајчиното крило: на Тебе пеам секогаш. 7За мнозина станав чудо, зашто Ти ми беше силна помош. 8Мојата уста беше полна со Твојата фала, Те славеше секој ден! 9Не ме отфрлај на старост: не ме оставај, кога ќе ми се намали силата. 10Зашто моите непријатели зборуваат за мене, и кои ме дебнат, се советуваат сложно: 11„Бог го напушти; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го спаси!“
12О Боже, не стој далеку од мене, Боже мој, поитај ми на помош! 13Нека се засрамат и пропаднат кои го бараат мојот живот; нека се покријат со укор и срам оние, што ми сакаат зло! 14А јас ќе се надевам секогаш, ќе Те фалам сѐ повеќе, и повеќе. 15Со устата ќе ја проповедам Твојата правда, постојано Твоето спасение, зашто не им го знам бројот. 16Ќе раскажувам за Господовата сила, Господи, ќе ја славам само Твојата праведност.
17Боже, Ти ми беше учител од мојата младост, и сѐ досега ги разгласувам Твоите чудеса. 18Ни во староста, кога ќе обелам во косата, Боже, не ме оставај; за да раскажувам за Твојата мишка на идното поколение и на сите идни поколенија, за Твојата сила.
2. Фалбена и благодарна молитва за избавување
19И за Твојата праведност, Боже, што стига до небото, со која направи големи дела. Боже, кој е како Тебе! 20Многу и големи трпенија фрли врз мене: но Ти ќе ме оживиш пак и пак ќе ме кренеш од длабочината на земјата. 21Зголеми го моето достоинство и утеши ме пак!
22А јас, со псалтир, ќе ја славам Твојата верност, о Боже, ќе Ти свирам со лира, Израелев Светец! 23Моите усни ќе воскликнуваат пеејќи Ти, и мојата душа, што ја избави. 24И мојот јазик секогаш ќе ја слави Твојата правда, зашто се засрамени и понижени оние, што сакаат несреќа за мене.

Селектирано:

ПСАЛМИ 71: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се