Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 68:21-35

ПСАЛМИ 68:21-35 MKB

Навистина, Бог ќе ги скрши главите на Своите непријатели, влакнестото теме на оној, што оди во гревови. Господ рече: „Ќе ги доведам од Васан, ќе ги доведам од длабочината на морето, за да ја капеш ногата во крв, за да имаат јазиците на твоите кучиња дел од непријателот. Боже, го гледаат влегувањето, влегувањето на мојот Бог и Цар во Светилиштето: Напред пеачи, по нив свирачи, во средина - девици со даириња. „Славете Го Бога на свечени собранија, славете Го Бога, Израелеви синови!“ Најмладиот, Венијамин, ги предводува, кој оди пред нив, таму се Јудините кнезови со своите чети, Завулоновите кнезови и Нефталимовите кнезови. Боже, покажи ја Својата сила, силата, Боже, со која се бориш за нас од Својот Храм во Ерусалим! Нека Ти носат царевите дарови! Скроти го ѕверот во трската, стадо бикови со телиња на народите! Нека се опростат пред Тебе со сребрените жезли: распрсни ги народите, кои ја сакаат војната! Нека дојдат големците од Египет, Етиопија нека Му пружи рака на Бога! Сите царства на светот пејте Му на Бога, славете Го Господа, Кој се вози по небото, по исконското небо! Чуј, грми со гласот, со Својот силен глас: „Признајте ја Божјата сила!“ Неговото величество над Израел, Неговата сила во облаците! Страшен е Бог од Своето Светилиште. Израелевиот Бог му дава моќ и сила на Својот народ. Благословен да е Бог!