Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 6

6
Молитва на грешник, кој се кае
1. Молитва за помилување
На пејачкиот началник, со осум-жичена свирка. Давидов псалм.
1Господи, не ме изобличувај во Својата лутина, ниту ме казнувај во Својот гнев. 2Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат. 3Исто и мојата душа е силно потресена; а Ти Господи до кога?
4Врати се, Господи, избави ми ја душата; спаси ме заради Твојата милост, 5зашто во смртта не спомнуваат за Тебе; кој ќе Те слави во Подземјето?
6Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло. 7Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.
2. Увереност во послушување
8Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач. 9Господ ја чу мојата молба; Господ ја прими мојата молитва! 10Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели; нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!

Селектирано:

ПСАЛМИ 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност