Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 5

5
Давидова утринска молитва
1. Бог слуша молитва
На хоров началник, со дувачки свирки. Давидов псалм.
1О Господи, послушај ги моите зборови, земи ги во обѕир моите размислувања. 2Чуј го гласот на моето викање, Царе мој и Боже мој, зашто Тебе Ти се молам! 3Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.
2. Бог мрази беззаконие
4Зашто Ти си Бог, Кому не Му е мило беззаконието; нечесниот нема да живее при Тебе; 5ниту гордите ќе се одржат пред Твоите очи, Ти ги мразиш сите што прават беззаконие. 6Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага; Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник.
3. Бог благословува праведен
7А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост; ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе. 8Господи! води ме во Својата правда, заради моите непријатели; израмни го Твојот пат пред мене. 9Зашто нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност; нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат.
10Боже, сметај ги за виновни! Нека паднат во тоа што самите го скроиле; истерај ги заради нивните бројни престапи, зашто се побунија против Тебе.
11И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име. 12Зашто, Господи, Ти го благословуваш праведникот; го заштитуваш, со Својата милост, како со штит.

Селектирано:

ПСАЛМИ 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност