ПСАЛМИ 59
59
Давидово избавување од Саула
1. Давидова молитва за избавување
За началникот на пејачите. Не погубувај! Давидово пишување, кога Саул испрати да го погубат во куќата.
1Избави ме од непријателите, Боже мој, заштити ме од моите противници! 2Избави ме од беззакониците, спаси ме од крволоците! 3Зашто ете; ја дебнат мојата душа, силниците станаа против мене. Нема вина на мене, о Господи ни грев: 4Без моја вина се нафрлаат врз мене. Разбуди се! Дојди ми на помош и погледај, 5Господи, Боже над Воинствата, Израелев Боже! Подигни се, казни ги сите многубошци, немој да им се смилуваш на подлеците!
2. Давидова надеж на Бога
6Навечер се враќаат, вијат како кучиња и трчаат по градот. 7Гледај, како блуваат со устите; клеветите им се на устите и велат: „Кој нѐ слуша?“ 8Но, Ти им се смееш, о Господи, и им се ругаш на сите незнабошци.
9О Сило моја, ќе се надевам на Тебе, зашто Ти си Боже, моја заштита, 10мој Бог, Кој ме милува, ќе ме одбрани; Бог ќе ми даде да ги видам моите непријатели.
3. Молитва за пораз на непријатели
11Не погубувај ги, за да не ми го заведуваат народот, распрсни ги со Твојата сила, симни ги Господи, заштитнику наш. 12Грев е секој збор на нивните усти, нека се фатат во својата гордост, во клеветите и лагите, што ги зборуваат! 13Истреби ги во гнев, истреби ги за да исчезнат, нека се знае дека Господ владее во Јакова и до крајот на земјата.
14Навечер се враќаат и вијат како кучиња и трчаат по градот. 15Нека скитаат наоколу барајќи храна; и кога нема да се наситат, тогаш ‘ржаат.
4. Давидова фалбена песна
16А јас ќе ја опејам Твојата сила и наутро ќе ја прославувам Твојата милост, зашто Ти ми стана засолниште и прибежиште во ден на неволја. 17О моја Сило, со песна ќе Те славам, зашто Ти си Боже, моја заштита, мој Бог, Кој ме милува.
Селектирано:
ПСАЛМИ 59: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.