Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 42

42
ВТОРА КНИГА
42-72
Жед и утеха на побожност
1. Жедна душа за Бога
За началникот на пејачите. Учење за Кореевите синови.
1Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи. 2Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице? 3Солзите ми се храна дење и ноќе, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е Твојот Бог?“ 4Мојата душа се излева кога си спомнувам: како чекорев во мноштвото, предводувајќи ги кон Божјиот дом, со глас на радост и песни во свечена врвулица.
5Зошто си ми, душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам моето спасение, мојот Бог!
2. Утеха и надеж на верник
6Душата тагува во мене, затоа си спомнувам за Тебе, од земјата Јордан и Ермон, од гората Мисар. 7Бездната повикува бездна со шумот на Твоите водопади; сите Твои води и бранови поминаа преку мене. 8Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.
9Ќе му речам на Бога: „Стено моја, зошто ме забораваш? зошто обиколувам нажален, притиснат од непријателите?“ 10Коските ми се кршат од подигравката на непријателите, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е твојот Бог?“ 11Зошто си ми душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога зашто пак ќе го славам мојот Спасител, мојот Бог!

Селектирано:

ПСАЛМИ 42: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност