Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 41

41
Псалм за милостив
1. Блаженство на милостив
За началник на пејачи. Давидов псалм.
1Блазе му на оној кој мисли на бедниот, Господ ќе го спаси во ден на неволја! 2Господ ќе го штити и ќе го запази жив, ќе му даде среќа на земјата, и нема да го предаде на волјата на непријателите. 3Господ ќе го поткрепи на леглото при болест, болеста ќе му ја сврти во сила.
2. Злоба на непријатели
4Јас реков: „Господи, смилувај ми се, исцели ми ја душата, зашто згрешив!“ 5Непријателите зборуваат зло за мене: „Кога ќе умре и кога ќе му го снема името?“ 6И ако дојде некој да ме посети, зборува со ласкање, собира злоба во своето срце, а надвор клевети. 7Сите што ме мразат, шептат заедно за мене, измислуваат зло против мене: 8„Лоша болест го кутна,“ или: „Кога еднаш ќе легне, нема да стане.“
9А и мојот пријател, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена петицата против мене. 10Но Ти, Господи, смили ми се и крени ме, за да можам да им вратам.
3. Жалење на непорочност
11По тоа ќе знам дека сум ти мил: бидејќи мојот непријател не ќе се весели над мене. 12А мене ќе ме запазиш во мојата чесност, и ќе ме ставиш пред Твоето лице довека.
13Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, од века до век! Така нека биде! Амин!

Селектирано:

ПСАЛМИ 41: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност