Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 31

31
Молитва на тагувачки праведник
1. Надеж во Бога и молитва за спасение
За првиот певец. Давидов псалм. (Во време на неволја)
1На Тебе се надевам, Господи, да не се засрамам никогаш: Избави ме според Својата правда! 2Приклони го кон мене Своето уво, побрзај да ме ослободиш! Биди ми цврста карпа на заштитата, тврдина на спасението. 3Зашто Ти си моја карпа, моја тврдина, заради Твоето име води ме и управувај ме. 4Извлечи ме од мрежата што ми ја поставија тајно, зашто Ти си моја крепост. 5Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината.
6Ги мразам оние што ги почитуваат суетните идоли, а јас се надевам на Господа. 7Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна тагата на мојата душа 8и не ме предаде во рацете на непријателите, ги изведе моите нозе на широк пат.
2. Тажачка што вика на избавување
9Смили ми се, Господи, зашто сум на тесно, од тага ми слабеат окото, душата и телото. 10Мојот живот се троши во горчила, а моите години во воздишки. Силата ми се исцрпи во мака, а моите коски изнемоштеа. 11На сите свои противници им станав понижување, за потсмев на своите соседи и страшило за познатите; кои ме гледаа надвор, бегаа од мене.
12Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад. 13Слушам шепотење на мнозина, ужас отсекаде: се договараат против мене и смислуваат како да ми го одземат животот.
14А јас, Господи, на Тебе се надевам, велам: „Ти си мој Бог!“ 15Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат. 16Нека светне Твоето лице на Твојот слуга, спаси ме со Твојата милост. 17Господи, да не се засрамам дека Те повикав; нека се засрамат нечесните; нека молкнат во Подземјето.
18Нека онемат лажливите усни, што против праведникот зборуваат дрско, горделиво и презирно.
3. Благодарност на Бога Избавител
19О колку е голема Твојата добрина, што ја чуваш за оние, кои се бојат од Тебе, што им ја укажуваш на оние, кои се надеваат на Тебе, пред очите на човечките чеда. 20Ги засолнуваш под штитот на Своето лице од човечките завери; ги криеш во Својот шатор од зајадливи јазици. 21Благословен да е Господ, зашто ми ја јави својата чудесна милост, во утврдениот град. 22Веќе помислував, во својата тревога: „Отфрлен сум од Твојот поглед.“ Но Ти го чу гласот на мојата молба, кога Те повикав.
23Љубете Го Господа сите Негови свети; Господ ги чува Своите верни, а според заслугата им враќа на оние, кои постапуваат гордо. 24Бидете храбри и Тој ќе ви ги укрепи срцата, сите, кои се надевате на Господа!

Селектирано:

ПСАЛМИ 31: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се