Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 30

30
Песна за избавување
1. Благодарност за избавување
Псалм; песна при обнова на Домот Давидов.
1Ќе Те возвишам Господи, зашто ме издигна и не ги остави моите непријатели да се радуваат над мене. 2Господи, Боже мој, Те повикав и Ти ме исцели; 3Господи, ја извади мојата душа од Подземјето и ме оживеа на работ на гробот.
2. Поттикнување за фалење на Бога
4Пејте Му на Господа, Негови избраници, и восфалете Го Неговото свето име! 5Зашто Неговиот гнев трае само еден миг, а Неговата добрина - цел живот. Плачот доаѓа навечер, а радоста наутро.
6И јас реков во својата среќа: „Никогаш нема да се поколебам!“ 7О Господи, со Својата добрина, Ти ме постави на гората на надежта, но штом ќе го скриеш Твоето лице, целиот се уплашувам. 8Тогаш, Господи, извикав кон Тебе, и Го помолив Господа: 9„Каква полза од мојата крв, каква корист ако слезам в гроб? Зар правта ќе те слави и ќе ја проповеда Твојата вистина?“
10Послушај Господи, и смилувај ми се; Господи, биди ми помошник! 11Го обрна мојот плач во играње, ја симна од мене вреќата и ме препаша со радост. 12Затоа мојата душа Ти пее и нема да молкне: Господи, Боже мој, Ќе Те фалам довека!

Селектирано:

ПСАЛМИ 30: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се